• Latest
МНР

МНР: Уставните измени се внатрешно прашање на Северна Македонија

April 5, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МНР: Уставните измени се внатрешно прашање на Северна Македонија

April 5, 2023 20:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
МНР

МНР

Share on FacebookShare on Twitter
Министерството за надворешни работи информира дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската унија, пренесува МИА.

Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Северна Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков, стои во соопштението на МНР.
Северна Македонија останува посветена на продолжување на политичкиот дијалог со Бугарија, во духот на добрососедството и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за што се надева на што поскоро формирање на новата бугарска Влада, додаваат оттаму.
Соопштението на МНР доаѓа откако претходно шефот на бугарската дипломатија Николај Милков на брифинг со новинарите кажал дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во процесот за впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.

Сега, колку што нам ни е познато, таму веќе се дискутираат некакви варијанти на идните текстови, кои би биле промена во Уставот. Ние би сакале да бидеме дел од тој процес, со цел тоа да се одвива без проблеми. Би сакале да се консултираме по тие прашања, рекол Милков, пренесува БНР.

Тој очекува одговор од Скопје и продолжување на разговорите за намалување на тензиите.

Во оваа смисла вчера малку разговарав со министерот Османи. Се надевам дека ќе одговорат. Ни претстојат контакти, во напорите да ја намалиме напнатоста, без да им наштетиме на правата на Бугарите во Северна Македонија. Овој дијалог треба да продолжи се додека има волја од нивна страна. Во таа смисла, повторно подаваме рака. Подготвени сме да разговараме

Подготвени сме да разговараме и да ги разгледаме промените, што тие ги прават, кажал Милков.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МНРОсманиуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result