• Latest
Министерство за одбрана (фото: МИА)

МО: Анализите на АМБИКОН покажаа дека вежбата „Одлучен удар 21“ не предизвика загадување на околината

June 15, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МО: Анализите на АМБИКОН покажаа дека вежбата „Одлучен удар 21“ не предизвика загадување на околината

June 15, 2021 15:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Министерство за одбрана (фото: МИА)

Министерство за одбрана (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Активностите во вежбата Одлучен удар 21 која се одржа во втората половина од месец мај на Криволак, не предизвикаа загадување на животната средина – покажа анализата на универзитетската лабораторија АМБИКОН, со која Министерството за одбрана воспостави редовна соработка за мониторирање на влијанието на вежбовните активности на Криволак на животната средина, информираат денеска од Министерството за одбрана.

Со цел да се анализира квалитетот на амбиентниот воздух од аспект на концентрација на суспендирани цврсти честички во пошироката зона на полигонот Криволак, во директна соработка со Министерството за одбрана, од страна на универзитетската лабораторија АМБИКОН (акредитирана согласно ISO 17025), во периодот од 14.05.2021 до 01.06.2021, беше воспоставена индикативна мониторинг мрежа во пошироката зона на полигонот Криволак.

„Добиените резултати потврдуваат дека во текот на вежбовните активности, концентрациите на суспендирани честички, на двете мониторирани локации, не ги надминаа просечните 24 часовни вредности пропишани за заштита на човековото здравје. Измерените просечни вредности се движат во дијапазон од 1 до 11 µg/m3, што е значително пониско од дозволените вредности ( 50 µg/m3) и типично за рурално подрачје со ниски позадински концентрации. Во хемискиот состав на суспендираните честички доминираат литогени елементи(Ca, Fe и Mg), вообичаени за ваков вид на прашина, кој во основа го одразува геолошкиот состав на подрачјето на генерирање. Појавите на останатите анализирани елементи (Mn, Ni, As, Sb, S и Cl)во трагови и нивните мали концентрации, исто така одговараат на геолошката подлога, што индицира нивно природно, а не антропогено потекло.  Содржината на ниту еден елемент не ги надминува препорачаните вредности за заштита на човековото здравје, стои во анализата“, се вели во соопштението од МО.

Министерството за одбрана, се вели во соопштението, обрнува исклучително влијание на превенција и контрола на влијанието на животната средина при изведувањето на вежбите на Криволак, особено кога се работи за големи НАТО вежби со присуство на поголем број на војници. Северна Македонија како членка на НАТО го споделува ставот за безбедносните импликации на нарушувањето на квалитетот на животната средина и ги презема сите мерки вежбовните активности да не го нарушат квалитетот на околината на полигонот Криволак.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ