Денеска, во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи првиот уличен форум „Мој печат,мој град“, на кој ќе дискутираат активисти, графити-уметници, водители, музичари, како и урбани ликови од главниот град. Стрит форумот е дел од иницијативата за „Прославување на солидарноста“, проект поддржан од програмата Европа за граѓаните.
Форумот го организира асоцијацијата за едукација „Младиинфо Интернационал“, во соработка со Скопје Стрит Фестивал, како дел од иницијативата за „Прославување на солидарноста“, проект поддржан од програмата „Европа за граѓаните“.
Идејата на настанот е преку лични приказни да се спојат урбаното живеење, солидарноста и уметноста во едно, како и изнаоѓање одговор на прашањето: како Скопје да го стане поурбан град каде што ќе се вреднуваат солидарноста и уметноста?
Во првиот дел на Форумот, музичарите Пеце од Суперхикс и ЛД Пистолеро, како и водителите Зорица Црношија, Ана Трпеска и Маја Казакова ќе зборуваат како го доживуваат Скопје. Потоа, следи главна дискусија во која Ермал Криезу како претставник на графити-уметниците, Дарко Арсовски од иницијативата „На точак“ и Даниела Стојановска – Џинговска од Здружението на студенти и младинци со хендикеп ќе дебатираат колку градот и граѓаните се солидарни и како да се унапреди солидарноста во урбано Скопје.