• Latest

Модернизацијата на Армијата во застој: Петровска разоткрива блокади, скандали и партизација

February 7, 2025

Тирана под притисок на протестите: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Модернизацијата на Армијата во застој: Петровска разоткрива блокади, скандали и партизација

February 7, 2025 18:44
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

За жал состојбите во МО и Армијата покажуваат дека процесите на модернизација заостануваат и освен тоа што буџетот е  зголемен на хартија, многу од проектите за модернизација се одложуваат без објаснување. Ова се однесува и на набавките, и на законските предлози, изјави за ЦивилМедиа Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ и поранешна министерка за одбрана. Таа одговори на барањето од ЦивилМедиа за коментар на соопштението на Министерство за одбрана во кое се тврди дека нема застој во процесот на модернизација на Армијата.

Петровска потсетува на неколку критични процеси што се започнати за време на нејзиниот мандат како прв човек на одбраната, но кои сега се стопирани.

„На пример, предлог Законот за критична инфраструктура е клучен закон кој го подготви експертска работна група со поддршка на експерт на ЕУ и пред изборите беше во владина процедура. Но, после 8 месеци сѐ уште не е донесен. Или пак пакетот на закони за реформата на системот за управување со кризи, проект кој беше завршен и треба да се имплементира преку законски измени“, изјави Петровска за ЦивилМедиа.

Поранешната министерка за одбрана изрази загриженост и поради намерното проблематизирање на постапката за ремонт на хеликоптерите.

„Ме загрижува и фактот што ремонтот на хеликоптерите кои беа испратени во Чешката компанија Лом Прага намерно бил проблематизиран, заради што леталата не беа донесени во државата во јули и за жал не можеа да учествуваат во гаснењето на пожарите“, критикува Петровска.

Нашата соговорничка открива и дека, наводно, се подготвува и намалувањето на правата од работен однос што, според неа, би било скандалозно.

„Особено сум загрижена заради некои информации кои до мене стигнаа од членови на синдикатот кои велат дека се подготвувало намалување на правата од работен однос што за мене би било скандалозно“, предупреди Петровска.

Тоа за неа не е изненадување, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ како опозиција го бојкотираше донесувањето на Законот за вработени во одбраната.

„Ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција го бојкотираше донесувањето на Законот за вработени во одбраната и лично мене ме критикуваа за потпишаниот Колективен договор, сосема очекувано е дека ваквите информации се вистина“, потсетува Петровска.

Наместо подобрување на статусот на вработените во одбраната, открива Петровска, се потпишуваат решенија според кои луѓето се делата на партиски подобни и неподобни.

„Со задоцнување од 7 месеци е донесена новата Систематизација на работни места и потпишани се нови решенија за распоредување со кои е направена поделба на партиски подобни и неподобни“, критикува Петровска.

Што се однесува до правичната застапеност, поранешната министерка за одбрана тврди дека мултиетничноста во ресорот одбрана се руши.

„За жал, кохезијата, единството и мултиетничноста што изминатите 7 години се градеше сега веќе се руши. Стравувам дека на подолг рок ова ќе се одрази и на квалитетот на работата и мотивираноста на вработените“, изјави Петровска за ЦивилМедиа.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ