• Latest

МОФ: Македонија ја губи битката за квалитетно образование – потребни се итни реформи!

January 24, 2023
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Partizán

Полска и Литванија го отфрлаат тврдењето на Меркел дека ја поткопале политиката на ЕУ кон Русија, го критикуваат нејзиното зближување со Путин

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОФ: Македонија ја губи битката за квалитетно образование – потребни се итни реформи!

January 24, 2023 13:43
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Од Младински образовен форум (МОФ), по повод меѓународниот ден на образованието, велат дека македонскиот образовен систем е нефункционален. Со години наназад властите – минати и сегашни
постојано нѐ уверуваат дека образованието е иднината и дека образованието е клучниот рецепт за успех
на една држава. Сепак, тоа за жал е само декларативно, а рецептот е очигледно неуспешен.

„Второто полугодие во 2023 година учениците од државните училишта го започнаа исто како и почетокот на училишната година во септември – со недостаток на учебници. Ако една држава не може да го испорача наједноставното / најелементарно за еден образовен процес – навремено да нарача и да испечати учебници, тогаш како може да очекуваме дека некогаш ќе стигнеме барем блиску до останатите развиени образовни системи? Недостатокот на учебници не е единствениот проблем на македонскиот образовен систем. Свесни сме дека и години наназад на речиси сите меѓународни и национални истражувања и анализи се укажува дека македонскиот образовен систем е во слободен пад и никој не презема нешто за суштински да го смени тоа. За жал, властите во нашата држава целосно го прифатија тој факт“, велат од МОФ.

Од таму додаваат дека важно е да се напомене и дека младите од руралните области и младите од урбаните средини немаат ист пристап до образование ниту пак исти можности.

„Во 2023 година за нашата држава сѐ уште не е проблем тоа што голем дел од учениците во руралните средини одат во училишта кои се без елементарни услови, нереновирани со децении, без функционални тоалети. Да, зборуваме за тоалети“, велат од таму.

Од МОФ потенцираат дека младите ученици со попреченост сѐ уште се на маргините. Многу од овие ученици учебната година ја започнаа без проценка, без асистент, без индивидуален образовен план. Има сѐ уште училишта кои не се пристапни – немаат пристапни рампи, немаат лифтови, адаптиран мебел или пак адаптирани тоалети. Дополнително, младите од поправните домови немаат пристап до образование со што дополнително им се отежнува процесот на рехабилитација и интеграција назад во општеството.

„Дека за нашата држава образованието и науката се прашања кои се целосно на маргините е доволно е да се види и во буџетот за 2023 година. Буџетот за наука предвиден за следната 2023 година, со Предлог буџетот кој го изгласа Владата, изнесува само 268 милиони денари и е најнизок во последниве 10 години. Дополнително, иако државниот Буџет секоја година се зголемува, оваа година за наука биле предвидени дури 42% помалку пари во споредба со 2014 година, а за следната се предлагаат дури 66% помалку во споредба со тогаш. Оттука, воопшто не треба и да не чуди фактот што нашиот најголем и најстар универзитет постојано опаѓа на меѓународните рангирања и наместо секоја година да оди нагоре – како тоа што се случува со високообразовните институции во регионот – кај нас оди само надоле. Во споредба со универзитетите од регионот најголемиот македонски универзитет се наоѓа при дното, далеку зад најголемите универзитети на Грција, Србија, Хрватска, Словенија и Бугарија“, додаваат од МОФ.

Младински образовен форум (МОФ) како младинска организација која повеќе од 20 години се бори и се
залага за квалитетно образование – основно, средно и високо – итно бара од властите сериозно да
започнат со реформирање на образовниот систем и сериозно инвестирање во истиот поради тоа што во
спротивно образованието ќе стане целосно нефункционално што пак целосно ќе се рефлектира врз и
функционалноста на самата држава.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ