• Latest

МОН и СОНК ги усогласија ставовите, се чека одлука од членството на СОНК за да биде потпишана спогодба

May 18, 2022
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

МОН и СОНК ги усогласија ставовите, се чека одлука од членството на СОНК за да биде потпишана спогодба

May 18, 2022 08:30
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Zголемување на платите за 15 проценти од септември и да не се кратат платите за периодот додека траеше штрајкот, е епилогот од преговорите што Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги водеа во изминатите 20-тина дена со посредство на медијатор, пренесува МИА.

За време на вчерашната неколкучасовна средба во Министерството за образование и наука биле допрецизирани и колективните договори и договорено е во иднина при креирањето на Буџетот заеднички да се разговара со синдикатот.

Препораките на медијаторот ќе бидат разгледани од членството на СОНК по што во рок од 10 дена се очекува да биде потпишана спогодба меѓу синдикатот и МОН.

– Сметам дека нашето членство ќе ги прифати овие препораки на помирувачот и дека ова ќе се претопи во спогодба која претходно мора да помине на орган на одлучување и Советот на СОНК ќе ме овласти да потпишам спогодба, изјави вчера претседателот на СОНК Јаким Неделков по состанокот.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека во образованието ќе има повисоки плати, а и задоволен е што е најдено заедничко прифатливо решение согласно буџетските можности.

– Освен порамнувањето што го имавме претходно со минималната плата, се договоривме за дополнително зголемување на платите за 15 проценти со исплата од септемвриската плата. Мислам дека ова е прифатливо за двете страни согласно буџетските можности во овие времиња кога функционирањето на државата и управувањето со буџетот е отежнато поради економската и здравствената криза, рече Шаќири по средбата.

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави договорот постигнат меѓу Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование и наука и апелира до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови.
– Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15 проценти, почнувајќи од септемвриската плата. Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21 проценти зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието. До пред само пет години, максималното зголемување на платите беше 4 проценти, без глобални кризи, напиша синоќа Ковачевски на „Фејсбук“.
Посочува дека во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај процентуалното зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата и други придобивки.

Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На Синдикатот му беше понудено зголемување на платите од 10 и 12 проценти, но ваквите предлози беа одбиени од страна на членството.

На 26 април штрајкот во градинките беше ставен во мирување со образложение дека тоа е направено во интерес на родителите и стопанството кое трпи поради неможноста кој да ги згрижи децата од предшколска возраст. На 28 април, штрајкот беше ставен во мирување откако Синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со посредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот од страна на Министерството за труд и социјална политика почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена вчера заврши со усогласување на ставовите на двете страни.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ