• Latest

МОН: Започнаа подготовките за пробното ПИСА тестирање во 2021

October 30, 2020

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОН: Започнаа подготовките за пробното ПИСА тестирање во 2021

October 30, 2020 11:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука ги започна подготовките за престојното пробно тестирање за ПИСА со онлајн обуки на наставниците и директорите од средните училишта на ниво на држава.

„За резултатите од тестирањата да станат наша национална гордост е потребна огромна посветеност и работа од сите нас. Затоа наставниците и начинот на којшто тие ќе го пренесат знаењето на децата ни се клучни во овој процес и во резултатите коишто ќе ги постигнеме идната година. Подобрувањето  на  квалитетот и зголемувањето на ефикасноста  на  образованието според современите светски  образовни  стандарди, се клучни цели на нашата образовна политика. За таа цел ја организираме и оваа обука којашто треба да ни ги подобри резултатите на престојните тестирања “, изјави министерката Царовска.

ПИСА (Programe for International Student Assessment) е меѓународна студија која ги проценува способностите, знаењата и вештините на учениците во примена на она што го научиле во училиште во ситуации од животот на крајот на задолжителното образование на возраст од 15 години воглавно во три подрачја: оспособеност за читање со разбирање – и критички пристап во читањето на пишани материјали, математичка писменост – читање, интерпретирање и решавање на даден проблем со организирање и толкување на дадени информации и избирање на метод за решавање, и писменост во природните науки – препознавање на научни прашања, користење на научни знаења, идентификување на содржината во научните истражувања и поврзување на научните податоци со докази и заклучоци.

ПИСА е циклична континуирана програма која дава увид во образовните политики и практики и помага во следењето на трендовите во стекнување на знаења и вештини кај учениците на иста возраст во различни земји и различни демографски подгрупи во секоја држава.

Програмата за меѓународни тестирања на учениците – ПИСА е организаирана од страна на Организацијата за економска соработка и развој.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ