• Latest

Моноетничка средба Мицкоски – Филипче; можност за импровизација и дефокус на реалните состојби

April 3, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Моноетничка средба Мицкоски – Филипче; можност за импровизација и дефокус на реалните состојби

April 3, 2025 13:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на социјалдемократите Венко Филипче изјави дека на средбата со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе зборува за нов општествено-политички концепт. Но, од друга страна, оваа средба во очите на јавноста се гледа како на тенденција да се претвори државната политичка дебата во моноетничка, од онаа која претходно беше мултиетничка, објави Фронтлајн.

Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија вели дека ова би имало последици кои што би ја натерале државата кон една нова Република Македонска, по моделот на република Српска.

– „Предлогот“ на Филипче и „отвореноста“ на Мицкоски за „нов општествен договор“ – обид за одржување на третата генерација исти економски и политички играчи и лоши пракси. Тие сакаат да продолжат „да ја водат земјата“ исто како и до сега: со економски порази, државно спонзориран криминал и корупција, исклучувајќи ги несистемските Македонци и Албанци од економијата и политиката. На кусо, флертот на Филипче и Мицкоски е само обид за официјализирање на договорањето меѓу Заев, Мицкоски и олигархијата во скопска „Автокоманда“ од 2022/23. И на тоа мора да се спротивставиме особено ние Македонците. Во основата на овој договор е задржување на економска и политичка „самоуправна“ администрација од југословенско Скопје во име на Белград: до 1991 во име на Југославија, од 2018 во име на „српскиот свет“ преку припадност кон „Отворен Балкан“. „Во духот на“ вториот дел од „референдумското прашање од 1991“, анализира Величковски.

Проф. Башким Селмани – интервју за ЦИВИЛ Медиа фотографија: Дехран Муратов (18 декември 2023 год.)

Башким Селмани, професор на правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, во изјава за Фронтлајн вели дека сите други освен граѓаните што ги подржуваат двете најголеми политички партии на Македонците, на ова средба можат да гледаат како провокација.

– Политички партии кои на место да ја водат земјата во Европската Унија, фактички го носеле државата во најголемииот јавен долг, како и ја злопотребиле привититизација треба да разговарат за јавниот долг на државата, бидејќи само овие две политички партии го знаат тоа како настанал тој јавен долг и како е реализирана приватизацијата. Македонија е земја која моментално е отворен гроб на корупцијата и организираниот криминал, и затоа овие две политички партии морално несе во состојба да го разчистат со криминалот и криминалитетот без помош на другите земји од Европската Унија. Од друга страна сите такси кои ги плаќаат сите граѓаните, а ги делат политички партии кои одлучуваат сами, и фактички другите граѓани можат да гледаат како на провокација. Истата провокација, како на овие две најголеми политички партии, доколку најголемите политички партии на Албанците се сретната сами, исто би се чуствувале и овие две најголеми политички партии. Така што Мицкоски и Филипче и да сакаат да го регулираат демократскиот систем, најпрво треба да дадат отчет за големиот јавен дог, за кој фактички никој не дава отчет, затоа морално овие две политички партии треба да дадат одговор кога настанал и зашто е јавниот дог, анализира професор Селмани.

Според него, ова средба од граѓаните најмногу се гледа како дефокус на овие две основни проблеми или постулати за кои нема решење веќе три деценија.

– Исто така, мислам дека доколку се постапува со одлучување на две политички партии, тоа не и создава пријатност на другите граѓани, бидејќи се знае дека Македонија е мултиетничка држава и треба да се постапува мултиетничко. Доколку се постапува овака, само може да се гледа како импровизација и дефокус на реалните состојби. Значи во Македонија, тема која треба да биде за сите политички партии, треба да биде јавниот долг и организираниот криминалитет и корупција. Се што се зборува надвор од овие две постулати, не верувам дека може да биде успешно, вели тој.

Од опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) велат дека со средбата Мицкоски – Филипче на јавна сцена ќе ни биде демонстрирана моноетничката коалиција чија основна цел е да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка, во моноетничка демократија.

– Иако на јавноста ќе ѝ бидат презентирани поинакви точки, дозволете да ви го презентираме дневниот ред на денешната средба кој нема да го видите во јавноста:

Точка 1: Неказнивоста. Како да не одговарамат. Каков правосуден систем им треба за да можат да продолжат да се напаѓаат во јавноста, но суштински меѓусебно да се заштитат дури и кога во прашање ќе дојдат трагедии како онаа во Кочани.

Точка 2: Како да се отстранат Албанците од сите нивоа на власт во државата, и потоа да се држат на периферијата на општествените текови

Овој план не е нов, туку е скорен пред три години преку ноторниот договор Мицкоски-Заев пред сѐ како заштитен чадор за транзициската олигархија во земјава. Планот веќе се реализира преку укинувањето на Балансерот, моноетничкото одлучување на Уставниот суд, но и отстранувањето на Албанците од голем број високи позиции во државната управа. Треба да се напомене дека реализацијата на овој план е невозможна без да се пронајдат „чесните Албанци“ кои треба да обезбедат лажна легитимација за мултиетнички консензус на ова политичко преструктуирање, велат од партијата на Али Ахмети.

И пратеникот на Европскиот фронт од редовите на групацијата на Зијадин Села, Елми Азири оваа средба ја нарекува моноетничка, а имплементација на Македонија е повторно ваша платформа.

– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски ќе се сретне со претседателот на најголемиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче! Откако беше избран за претседател на СДСМ, првата средба му беше со претседателката на државата, г-ѓа Силјановска-Давкова! Последниов веќе неколку години го нарекуваат министер за смрт, исто така од ВМРО! Оваа моноетничка средба е практична имплементација на Македонија повторно е твоја! Платформа, реагира Азири.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, како што изјави, „слушајќи го алармот на граѓаните“ – ќе предлагал концепт за нов општествен и политички дијалог.

– По големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт, на места и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи тоа што во изминатите три децении, тоа што се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат. Системот на многу места очигледно не фукционира како што треба. Јавните сервиси немаат перформанс каков што граѓаните заслужуваат. За тоа вина имаме сите политички партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ истакна дека на премиерот Христијан Мицкоски и подетално би му го образложил овој план на средба во следните денови. Во однос дали очекува неговиот предлог за лидерска средба да биде прифатен, тој рече дека уште денеска или утре (2 и 3 април) ќе побара состанок со премиерот Мицкоски, согласно агендите, за да се организира таа средба.

Дестан Јонузи / Извор: Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ