• Latest

Мора да се воведат нормативни мерки за лицата опфатени во „црната листа“ на САД, вели Спасовски

November 17, 2023

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Мора да се воведат нормативни мерки за лицата опфатени во „црната листа“ на САД, вели Спасовски

November 17, 2023 16:21
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, очекува да се создаде законска можност за компаниите на лицата кои што се наоѓаат на Црната листа на САД, да не можат да учествуваат на јавните набавки во кои ќе се исплаќаат јавни или државни пари.

По денешниот увид во изградбата на новиот објект на Полициската станица во Аеродром, министерот Спасовски изјави дека одлуката на црната листа на САД да се стават рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина, како и Ратка Камчева, мајката на бизнисменот Орце Камчев, кој беше ставен на оваа листа во јули годинава, е очекувана, а преку дискусија, како што рече, ќе мора да се воведат и некакви нормативни мерки коишто практично ќе ги тангираат ваквите лица.

-Прво, ова е очекувано. Јас очекувам дека и други лица коишто се занимаваат со криминал, коишто не допринесуваат за борбата против корупцијата, оние коишто се судени, се водени постапки, одлежале казни затвор, коишто направиле огромно богатство на територијата на државата, нормално дека на секој можен начин треба да се санкционира, рече министерот.

Според заменик-министерката за правда, Викторија Мадиќ Аврамовска, која, исто така беше на увидот, пораките од Американската Амбасада секогаш треба да ги прифатиме најдобронамерно.

– Институциите коишто се надлежни за тоа, обвинителството и судството треба да разгледаат сѐ она што можат да помогнат за да немаме повторно доведување на нови имиња на вакви листи, туку да покажеме дека ќе се одважат институциите и ќе можат предвреме да ги превенираат и тие процеси и да ги завршуваат порано доколку имаат за одредени лица, вели министерката.

Таа порача доколку за лицата кои беа ставени на листата има нешто симптоматично, институциите да реагираат на време.

– Ги поттикнувам институциите да проверат, да видат доколку имало досега, поажурни да бидат и обвинителството и судството и во иднина да можат подобро да ги спроведуваат процесите, не само за овие, туку и сите други лица за да немаме вакви ситуации, рече заменик-министерката.

На прашањето дека во едно од образложенијата за одлуките за црната листа се спомнати и поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и дека било разговарано за трансфер на пари за да се организира средба на Заев со црногорскиот државјанин Миодраг Давидовиќ-Дака, поврзано со негови инвестиции во Северна Македонија, министерот Спасовски одговори дека „ако требало да биде некој во одлуката тие (САД) ќе го ставеа“.

– Јас апелирам пред сѐ тоа што е објавено како одлука од страна на американската администрација, тоа да го прифатиме и да го презентираме. Таму образложение се дава на секоја поединечна одлука која што ја имаме. Меѓутоа, образложенијата, спомнувањата итн. сигурно не се одлука. Ако требало да биде некој во одлуката тие ќе го ставеа, рече министерот, кој дополни дека нема никакви информации за организирање на каква било средба помеѓу кој било.

На прашањето за заканите врз вработените во Агенцијата за одземен имот поради одземениот имот на Сашо Мијалков, Спасовски рече дека се недозволиви.

– Апсолутно е недозволено да имаме закани, упатувања или навреди или што било друго заради вршењето на својата работа. Ние сме во постојана координација со раководството на Агенцијата за одземен имот, цврсто стоиме на тој став да ги преземеме сите мерки на заштита и сето она што е законска обврска да биде реализирано. А не Мијалков, свети Мијалков ако сака нека е – тоа што го стекнал на недозволен начин мора да му се одземе, рече Спасовски.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ