• Latest

Морачанин: Војната во Украина предупредува дека мора да се забрза имплементацијата на зелената економија

May 27, 2022
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Подготвени сме да напишеме ново поглавје во односите меѓу ЕУ и Кина

July 8, 2025
Фото: Основно јавно обвинителство

Oтворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

July 8, 2025

Израелскиот план за присилно преместување на населението од Газа „хуманитарен град“ е план за злосторства против човештвото, алармираат адвокати за човекови права и правни експерти

July 8, 2025

ДЗР: Недоволниoт буџет за програми за здравствена заштита и застојoт во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги

July 8, 2025
Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Во Газа, гладот не е катастрофа, туку тактика – хуманитарната помош станува оружје

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
NBC News

Најмалку 11 мртви и стотици уапсени во антивладините протести во Кенија

July 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп најави нови тарифи до 40% за сè поголем број земји

July 8, 2025

УНЕСКО: Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на повеќе од 100

July 8, 2025

Извештајот на Вајц денеска на дискусија пред европратениците

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Морачанин: Војната во Украина предупредува дека мора да се забрза имплементацијата на зелената економија

May 27, 2022 13:51
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, на јавниот настан на ЦИВИЛ „Циркуларна економија: Потенцијали и предизвици за идните генерации“ ( 26 јуни, 2022 година), зборува за циркуларната економија како поим, како стратегија, како програма на ЕУ , низ аспект на една политичка партија,за реалните политики и практики на терен во македонски услови, како и за влијанието на руската агресија врз Украина врз циркуларната економија во услови кога имаме ваква сериозна  безбедносна, воена состојба во Европа и светот.

„Она што кружната економија го пружа како економски модел и одржлив, зелен модел на економија е што помалку природни ресурси да се користат. Кога ќе се добие производот подолго време да се употребува, да се реупотребува, да се поправа, сѐ додека не е возможно тој производ да се користи и тогаш се рециклира. Значи истите производи да се искористат за следното производство за да остане што помалку отпад којшто би се депонирал. Идејата за циркуларна економија е тесно поврзана со неодржливоста на развојот на глобално ниво. Ние минатата година, крајот на јули, луѓето на планета ги исцрпеа ресурсите предвидени за цела година. Тоа значи дека ние користиме 74 отсто повеќе природни ресурси отколку што глобалните екосистеми можат да генерираат. Ако вака продолжи светот тоа значи дека ќе ни бидат потребни скоро две планети за да продолжиме со ова темпо. Веќе не е прашање дали сакаме и можеме, туку едноставно мораме“, вели Морачанин.

„Сè уште не успеавме да изградиме Центар за управување со отпад. Нам ни се случува постојано да се прават студии за кое место е најдобро за изградба на депонии, се вложуваат пари за тие студии, се разбира, а на крајот ќе се избере една локација, нема согласност, се бара ново место, нова локација, нови студии и така се вртиме во круг и немаме ништо реализирано на терен“, вели Морачанин, за практичната примена на дел од она што опфаќа циркуларната економија на терен, во македонски услови.

Зборувајќи дали постои политичка волјаи  соработка со граѓанските организации и граѓаните да се надминат предрасудите кога станува збор за теми кои се зашатита на животната средина, екологија, рециклирање, складирање на отпад и од теорија да се премине во пракса, Морачанин вели дека овие теми често се злоупотребуваат за политички цели., во кампањи, за време на избори.

„Важно е да објаснуваме и да бидеме доследни на вредностите и политиките за кои што зборуваме. Не може во кампања да зборуваме едно и кога ќе дојде моментот тоа да се преточи во законско решение, да се имплементира и така натаму, потоа да ги менуваме ставовите и да размислуваме и делуваме популистички. Тоа не оди на никому во прилог. На граѓаните не им оди во прилог. Веројатно на партиите, понекогаш да, но на крајот сите губиме. И околу тие прашања мора да има консензус. Вака ги збунуваме и самите граѓани и тие нормално е дека ќе имаат дилеми и недоверба. Тоа се стратегии што мора да се спроведуваат без разлика која политичка гарнитура е на власт. Само така може да има успех“, вели Mорачанин.

Што се однесува до влијанието навојната во Украина, на спорведување на зелените политики, па и циркуларната економија, локално, национално и во глобални рамки, Морачанин, вели дека таа треба да биде мотив плус да се забрза процесот на спорведување на зелената економија, со оглед дека страда и производството на храна и енергија, што воедно е и глобален проблем.

„Војната во Украина треба да биде само дополнителен мотив за побрзо да се имплементираат сите овие заложби на зелената економија. Ако пред војната зборувавме од аспект на зелена економија само поради заштитата на животната средина, на климата, сега веќе гледаме дека и производството на храна, на енергија, станува веќе и безбедносен проблем, економски се разбира, но веќе и прашање на безбедност. Целата оваа состојба треба само дополнително да не мотивира што побрзо да преминеме кон зелена економија. Особено од аспект на енергијата којашто е голбален проблем. Жално е што ние во држава која има 280 сончеви денови во годината, сè уште производството на електрична енергија од сонце се коористи околу 3-4%, смета Морачанин.

Б. Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети


Настанот е дел од Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан која се одржува од 23 до 27 мај низ целиот регион на Западен Балкан.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ