Русија ја поздравува одлуката на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) во Сирија да испрати експерти заради истрага на наводната употреба на хемиско оружје во градот Дума, Источна Гута, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
– Сметаме дека во услови на бескрајната антируска кампања водена од западните земји, одложување на инспекцијата на ОПЦВ би било недозволиво, наведе руското МНР.
Министерството соопшти дека очекува ОПЦВ да ја извести меѓународната заедница што е можно побргу за текот на истрагата за Источна Гута и додаде дека сириските власти ќе ја дадат потребната помош за спроведување на истрагата.
Министерството оцени дека секое одложување на доаѓањето на експертите од ОПЦВ може да доведе до повторување на американската напади во април 2017 година врз сириската база Шајрат.
Извор: МИА