• Latest

Може ли Путин да склучи било каков мировен договор?

November 16, 2022

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Може ли Путин да склучи било каков мировен договор?

Кремљолозите тврдат дека ниту оние личности кои се сметаат за најблиски до рускиот претседател не можат лесно да се сретнат со него. Оттаму, може да се заклучи и дека никој не знае дали во неговата глава стои дека реката Дnipro можеби е точката до која престанува неговата империјалистичка амбиција

November 16, 2022 14:58
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Дали на повлекувањето на руските трупи на левиот брег на реката Дњепар (Днипро) е точката на која фронтот се претвора во некаква „Мажино линија“, влегува во статична фаза? Дали тоа не дава време за евентуалната инерција на мировниот ветер? Па, руската одбрана веќе мина на користење на теоријата на Кутузов (повлечи се и почекај зимата да го стори своето) ама тоа се смета како знак дека време агресорот да ја преиспита целата своја историска грешка и да бара чесен мир, што и да претставува тоа за левиот брег на големата река. Но, дали автократот Путин, онака осамен во своите дворски одаи, е подготвен воопшто да го слушне зборот – мир?

Следбеник на историјата врзана за моќта на царска Русија

Согласно неговите погледи кон историјата, да речеме кон Октомвриската револуција, онаа која му го даде образованието и неговата работа врзана за безбедноста на државата, се гледа дека тој повеќе ужива во историјата врзана за моќта на царска Русија. Тој, како што пишуваат многу извори (https://www.euractiv.com/section/global-europe/news/putins-world-selected-quotes-from-a-disturbing-speech/) односно (https://www.smithsonianmag.com/history/vladimir-putins-rewriting-of-history-draws-on-a-long-tradition-of-soviet-myth-making-180979724/) има различни погледи во однос на официјалната руска историја.  Тоа секако не се базира на некакоб објективен факт туку ова истражувачите го поврзуваат со карактерот на Путин; претседателот не го сакал Ленин и сметал дека требало да се дозволи царската фамилија (Романови)  да го продолжи своето учество во Првата светска војна и на крајот да учествува во пирот на победниците?! Ова произлегува од фактот дека Путин нема ни малку добро мислење за Брест Литовскиот договор со Централните сили, склучен од бољшевиците. Новиот, актуелен „руски цар“, според враќањето на сите манири од времето на Романови, смета дека споменатиот договор ја посрамил нацијата. Но, патем, не говори лошо за Сталин и договорот за поделба на Полска, со нацистите (во Пактот Рибентроп-Молотов), на пример, кој нанесе огромна штета за европската и светска левица. Од ова може да се извлече поука дека добри се оние договори кога некој зема туѓи територии а не кога дава, ама со цел да се спасат поврдни нешта, како човечките животи, војската, економијата и системот, како што размислувал Владимир Илич. Не треба ни да имаме дилема за што би се одлучил рускиот претседартел, кога би бил пред таква дилема.

Сталиновото конечно решение за проблемот со внатрешните непријатели како пример

Некои во овие околности, кога некој го избира „добриот Сталин“ не потсетува деновиве на наредбата 00447, потпишана од комесарот за внатрешни работи Николај Јежов, што беше почеток на Сталиновото „конечно решение за проблемот со внатрешните непријатели“.

ИЛУСТРАЦИЈА Сталин е омилената историска фигура за Путин – тој сака да ја следи неговата долга, крвава трага

Стотици илјади луѓе беа убиени, некои говорат и за милиони, а жртва станал и самиот Јехов. Аналитичарот на тоа сталиново време  – познатиот белградски интелектуалец Иван Ивањи, кој во време на Втората светска војна бил во нацистички логор како еврејско дете а после војната бил официјале преведувач на маршал Тито долги години, тврди дека Путин никогаш не го негирал она што се случи во времето кое некои историчари го нарекуваат „големиот терор“; затоа пак нагласувал дека Русија не смее да се чувствува виновна поради тоа – многу поважни се достигнувањата постигнати благодарение на Сталин. „Претпоставувам дека тој (Путин) исто така мисли дека неговата улога во обновата на Русија во светска сила е историски многу поважно од некое крвопролевање во Украина“ (види „Како Сталин го уби Троцки“  https://www.vreme.com/kolumna/kako-je-staljin-ubio-trockog-da-su-samo-drugovi-poslusali-druga-lenjina/).

Дали од тоа лесно може да се заклучи дека Путин никако не е тој кој би склучил мировен договор со Киев? На ова секако размислува и светската јавност во мигот кога Путин ја изгуби битката за Кијив, потоа и за Харков, па неговитѕ дивизии ссе повлекоа во деловите на југ од Харкив, во широка линија се до старата граница со Руската федерација (!) а сега еве, со  бегството од Херсон дојде како фил на победничката торта. За руските војсководци реката Днипро, каде на југот на Украина е во мигот линијата на фронтот, претставува природна предност за оној кој бегаше во последните недели што официјалната власт во Москва го претставува како стратегија на Кутузов. Тоа е секако познато на пошироката јавност.

Ќе се потпише ли некаков мировен договор

И значи дојдовме до прашањето дали ќе се потпише некако мировен договор, кој секогаш мора да биде целта на било каква војна?.

ЛЕНИН Неомилен лик за Путин, бидејќи, меѓу другото, ја признал Украина?!

Споменувањето на Ленин, во овој контекст веројатно е непријатно за Путин иако тој навистина не успеа во својата империјалистичка замисла: ја изгуби војната во Чеченија (онаа втората, првата ја изгуби Елцин) и мораше својот главен непријател да го „купи“ со давање на севластие во Кавказието и да го направи свој сојузник. Тука никако нема место за себеодликување, секако. Во масовниот напад на Украина се покажа дека со гладни војници (корупција во магацините), со лажни информации за своите борци кои не биле подготвени да пукаат на своте довчерашни браќа и така натаму, да не го анализираме видливиот дебакл на Москва,  се покажа големата разлика меѓу замислената големина и трулата војничка реалност. Јасно, Ленин не се мислел дали некој е вештачка нација – сите етноси имаат право на свои административни граници и право на сопствена култура а згора не би ни помисли да нападне некоја од новите републики.

Договорите што ги потпишување Русија низ историјата

Зошто е потпишан Брест-литовскиот договор на 3 март 1918 година меѓу Централните сили (Германија, Австроунгарија, Бугарија и Османлиското Царство) и Русија? Со потпишувањето на договорот, Русија се повлекла од Првата светска војна. Впрочем не може да се води Револуција и истовремено да се војува на фронтот заради царистичките амбиции и дадени зборови кон сојузниците!

Русија, веднаш по Октомвриската револуција, била без дилеми  принудена да склучи мир по цена на значителни територијални, демографски и економски загуби. Како резултат на договорот, Полска, балтичките земји и Финска биле – според договорот – засекогаш изгубени за Русија, додека Украина, Белорусија и Кавказ преминале во германската сфера на влијание. Ном иако со овој договор победиле на Источниот фронт, Централните сили не успеале да се спротистават на Антантата и војната завршила со пораз во ноември 1918 г., по што Брест-литовскиот договор бил поништен. Москва била оставена на мир за да ги решава внатрешните, класни прашања. Се покажало дека тркалото на историјата ги донело назад, во новоснованиот СССР и Украина и кавкаските подрачја!?

ПАКТ СО НАЦИСТИТЕ Сталин стои зад потпишувачите и се смешка

Но, зошто на Путин му се допаѓа еден друг договор – меѓу СССР и нацистите, кој направи вистински дар-мар меѓу прогресивните сили во почетокот на Втората светска војна и борбата против фашизмот ја напрви брззаба. Да се потсетиме дека Пактот Рибентроп-Молотов формално е пакт за ненапаѓање помеѓу нацистичка Германија и СССР, потпишан на 23 август 1939 година, додека во реалноста тоа било, во согласност со тајниот дополнителен протокол, додаток на официјалниот договор и вистинската цел на пактот – а тоа било поделба на териториите или наложување на автономност врз суверените држави:  Полска, Литванија, Латвија,  Естонија, Финска и Романија  од страна на СССР и нацистичка Германија.  Путин тука сака историјата да ја гледа во поширока временска димензија, ама не и кога се работи за договорот на ленин кој секако е завртен кон внатее, кон вредностите важни за негов ата земја!? Дали ова не отсликува како Путин би се однесувал во однос на евентуалниот прекин на огнот и седнувањето на маса на двете завојувани страни?

Партијата на мирот и Партијата на војната

Во своето интервју за емисијата „Глобал фокус“ на телевизијата Н1 (https://rs.n1info.com/video/global-fokus/global-fokus-uloga-belorusije-u-ratu-u-ukrajini/) одличниот познавач на приликите во Кремљ – Максим Саморуков, шеф на Карнеџи фондот за Русија, додека истиот не беше забранет, вели оние кои во неговата земја се за војна, а не за мир се огромно малцинство, но се гласни и никој не им се спротивставува.

Постои огромна партија на мирот, но тоа не е битно во овој миг, вели тој. И партијата на војната и онаа на мирот зависат од волјата на само еден човек – Путин и двете страни внимателно наслушуваат каква е неговата волја.

Постои, вели интервјуираниот, политичар како Игор Стрелков кој е најизразит протагонист на партијата на војната, ама тој е маргиналец. Ониен кои имаат институционална тежина – Лавров, Петрушев, Субјанин, Козак, тие никогаш не биле дел од партијата на војната, но тие се плашат да говорат за мирот, бидејќи Путин лесно може да ги замени со помлади. Путин избра единствен командант на кого може да ја префрли сета вина за поразот! – Сергеј Суровикин и отсега па натаму тој ќе биде виновен за секој неуспех.

ИЗБРАН Генералот Сергеј Суровикин е избран да биде одговорен за се што на фронтот ќе тргне на лошо – несреќите не треба да го допрат Путин

Путин не се гледа речиси со никого а блискоста со него е пак, тврди Саморуков, главен извор на власта. Медведев, Рогожин и сличните се  маргинализирани и тие преку жестоки изјави, како и Кадиров, се обидуваат да дојдат со нивните изјави до ушите на Путин.

Дали Русија сака мир?

Главната дилема во овој миг е – дали Русија сака мир? Дали раководството е повлечено во ќоше од каде нема излез?

Саморукин тврди дека Русија сега сака да паузира од воени дејствија, барем зимава. И треба обнова на економија, ново оружје што треба да се произведе, да се обучи нова војска – главните борбени единици ги нема, изгубени се…Вокабуларот со нуклеарните бомби се наменети за Вашингтон – таму се исплашат и да ја натераат Укриана на барање на мир, додека Зеленски изјавува дека не сака преговори, иако, треба да се нагласи, тоа не зависи целосно само од Украина?!  Но, засега работите стојат на точката на пасифизација и на пролетна понатамошна екслација, бидејќи засега никој јавно не побарува мир.

Излез? Саморуиков мета дека излезот е еден – Западот да рече дејка веднаш ги симнува сите санкции кон Русија ако Путин абдицира,. Со Русија нека раководи актуелниот Совет за безбедност ама како колективно тело тие би биле внимателни и не би се стрчувале или солирале како Путин. Русија, вели овој соговорник, ќе стане земја со порционални решенија.

„Кај нас во Русија се се’ случува во скалила. Ќе падне стандардот за неколку скалила и по некој месец луѓето се нвикнуваат. По некое време ќе се повтори истото и одново ќе има навикнување. Кога дојде до масовна мобилизација ситуацијата се смени, ама секој се спасуваше себе си – за да нема демонстрации, дури и ненасилни, власта ги пушти бегалците (700 илјади – н.з.) надвор од границите. Остатокот одново се смири…“.

Саморуков не гледа излез, а засега и ниту желба Путин да престане со војната која ќе значи признавање за неговата голема грешка. Какви што Сталин, неговиот миленик, ги имал многу. А зад нив останувал долг, крвав траг.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ