• Latest
Ерван Фуере (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ, мај, 2016)

Може ли војната во Украина да ја оживее агендата за проширување на ЕУ за Западен Балкан?

March 27, 2022
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Може ли војната во Украина да ја оживее агендата за проширување на ЕУ за Западен Балкан?

March 27, 2022 10:51
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Ерван Фуере (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ, мај, 2016)

Ерван Фуере (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ, мај, 2016)

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРВАН ФУЕРЕ / CEPS

Kога високиот претставник Жозеп Борел посети голем број на земји од Западен Балкан на 13-14 март, тој се осврна на кризата што се развива во Европа. Соседството на Унијата како „момент на будење за Европа“ и дека е „крајно време повторно да се заживее процесот на проширување и да се интегрира Западен Балкан на еден неповратен начин во ЕУ“. Иако неговите зборови беа со добра намера, тие се чинеше дека му даваат значај на општиот „рефрен“ за Западен Балкан појавувајќи се на меѓународната агенда само во време на терор и неволја; остатокот од времето тие се презирно игнорирани. И покрај официјалните изјави од институциите на ЕУ и периодичните самити меѓу ЕУ и лидерите од Западен Балкан, агендата за проширување на ЕУ едвај се помести во последните неколку години и го изгуби речиси целиот кредибилитет.

Додека преговорите со Црна Гора и Србија кои беа започнати во 2012и 2014 година соодветно, само напредуваа со темпо на полжав, преговорите со Албанија и Северна Македонија, земја која доби кандидатски статус пред повеќе од 16 години, не се дури ни започнати, без оглед на одлуката на Европскиот совет во март 2020 година за отворање на пристапувањето преговори со двете земји.

Поради ветото наметнато од Бугарија за историските и идентитетските спорови со нејзиниот сосед, Албанија и Северна Македонија се оставени да висат во воздух меѓу надежта и очајот повеќе од две години. Оваа злоупотреба на правото на вето за прашања кои немаат врска со критериумите и условите кои секоја земја-кандидатка мора да ги исполнува ја истакнува инхерентната слабост и лицемерие на процесот на донесување одлуки на ЕУ во однос на нејзината политика на проширување.

Дури и да има нов моментум во билатералните дискусии меѓу Бугарија и Северна Македонија по изборот на новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој ја оствари својата прва странска посета како премиер, во Скопје во јануари 2022 година, сè уште нема индикација за каков било договор што постигнат навреме за да се овозможи следниот Европски совет во јуни 2022 година да го одреди датумот за отворање на пристапните преговори.

Накратко, прашањата за кои се разговара никогаш нема да се решат под вештачки временски рокови. Како други нерешени билатерални спорови (Косово, Босна и Херцеговина) кои се жив потсетник на проблематичната историја на регионот, тие треба да бидат ставени во посебен процес со паралелно посредство наместо како предуслов за почеток на пристапните преговори.

Овие одложувања и блокади предизвикаа длабоко разочарување и фрустрација кај западно-балканските земји. Тие го оставија регионот ранлив на малигни влијанија, особено Русија која е повеќе од среќна да ги искористи многуте тензии и поделби во регионот.

Заканите за отцепување од страна на претседателот на Република Српска, Милорад Додик (чест посетител на Москва), во Босна и Херцеговина, сè поавторитарното однесување на лидерите како што е претседателот Вучиќ во Србија или националистичката реторика, па дури и глорификацијата на осудените воените злосторници, што често не е предизвикано од ЕУ, се само некои од длабоко вкоренетите дефекти што ја нагласуваат ранливоста на регионот.

Одговорот на ЕУ кон Западен Балкан

Одговорот од ЕУ беше слаб, случаен и неконзистентен. Политичкиот и стратешки пристап кој требаше да ги поткрепи политиките на ЕУ кон Западно-балканскиот регион од самиот почеток со текот на годините беше ставен настрана во корист на прекумерниот бирократски и технички процес кој дава приоритет на формата пред суштината.

Дури и извештаите што Европската комисија ги објавува секоја година во кои се утврдува нивото на напредок постигнат од секоја од земјите од Западен Балкан (и Турција) на нивниот пат кон ЕУ се критикувани дека понекогаш го минимизираат континуираното назадување во владеењето на правото и слободата на медиумите. Тие едноставно не успеваат да го одржат нивото на објективност што беше белег на пристапот на Европската комисија во претходните децении.

Соочени со влошената политичка клима во регионот и растечкото разочарување од ЕУ и занемарувањето на нивните обврски од страна на земјите-членки, Европската комисија го објави Стратешкиот документ од 2018 година кој на недвосмислен и остар јазик го изложи сето она што не беше во ред во процесот. Таа повика на итна акција и од страна на земјите од Западен Балкан, но исто така од страна на земјите-членки, потсетувајќи ги дека „перспективата за членство во ЕУ заснована на заслуги за Западен Балкан е во сопствен политички безбедносен и економски интерес на Унијата.

Сепак, четири години подоцна, има малку што да се покаже за ова. Најновиот извештај на Европскиот суд за ревизори за поддршката на ЕУ за владеењето на правото во Западен Балкан, објавен во јануари 2022 година е особено застрашувачки во својата оценка за евиденцијата на ЕУ и финансиската поддршка што ја имаше а во кој се констатираше „мало влијание во унапредувањето на основните реформи“. Извештајот укажува на недостаток на ефективно следење на реформскиот процес и ги критикува извештаите на Комисијата кои имаат тенденција да се фокусираат на „квантитативните резултати и недоволно на она што реално го постигнаа реформите“.

Судот на ревизори, исто така, ја истакнува недоволната поддршка за граѓанското општество, и покрај виталната улога што граѓанските организации ја играат во обезбедувањето на одговорноста на владите во борбата против корупцијата, како и во слободата на изразување и во сите други области поврзани со владеењето на правото. Недостаток на конзистентност во поддршката на ЕУ за актерите од граѓанското општество, особено кога се соочуваат со владино заплашување, го поткопува нивното влијание кога е најпотребно.

Овие слабости во севкупниот пристап на ЕУ, во комбинација со неуспехот да се почитуваат обврските кон регионот со дозволување на поединечните земји-членки да наметнат свои домашни агенди, го поткопува кредибилитетот на ЕУ како целина, оставајќи ја нејзината политика на проширување како ништо повеќе од празна школка.

„Zeitenwende“ за политиката за проширување на ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја нарече руската инвазија на Украина како „zeitenwende“ („пресвртна точка“), момент во историјата кој суштински го менува воспоставениот поредок. ЕУ се соочи со предизвикот и демонстрираше единство невидено многу години.

На Европскиот совет во Версај, одржан на 10 март, беше побарано од Европската комисија да подготви официјално мислење за формалните апликации на Украина, Молдавија и Грузија за ЕУ членство.

Доколку ЕУ сака да ги постигне своите амбиции и во однос на овие земји и на оние од Западен Балкан, ќе има потреба од „Zeitenwende“ во нејзината политика на проширување. Ќе мора го демонстрира истото единство со тоа што најпрво ќе ги исполни своите долгогодишни обврски кон земјите од Западен Балкан.

Ова значи квалитативна промена во пристапот на ЕУ и крај на правото на вето на поединечни земји-членки кои го користат за време на пристапниот процес од причини кои немаат врска со критериумите за пристапување.

Тоа ќе значи и спроведување на иновативни мерки за да се направи реформската агенда поефективна. Ова би вклучило поинтензивни механизми за следење, како што е предложено во нејзиниот документ Стратегија за 2018 година, како и систематска вклученост на граѓанските организации, со што се гарантира процесот на пристапување да стане подлабоко закотвен на секое ниво на општеството.

Воведувањето „пристапување во фази“, предвидувајќи делумно и прогресивно членство, би значело дека придобивките од процесот на пристапување ќе ги почувствуваат граѓаните во текот на целиот процес а не само на крајната точка на пристапување. Истата логика би била применета и за пристапот до структурните и инвестициските фондови на ЕУ и другите инструменти на ЕУ, како што е Табелата на правдата на ЕУ и извештајот за владеење на правото. Овие иновативни пристапи се веќе ставени на агендата од страна на CEPS, заедно со Центарот за европска политика (CEP) со седиште во Белград и да се надеваме дека и ЕУ ќе ги стави на својата во текот на овој дефинирачки период од историјата.

Ако го стори тоа, ќе стави крај на годините на „погрешно пресметување и рамнодушност уште од Берлинскиот конгрес (кога европските дипломати се согласија во 1878 година да ја заменат отоманската моќ со градење систем на конкурентни сојузи на Балканскиот полуостров), да го цитирам Миша Глени во неговата книга „Балканите“ од 2011 година. Тој продолжува да наведува дека „ако Унијата не успее во својот двор, тогаш може да се збогува со секоја идеја да го врши своето влијание на друго место“.

ЕУ не смее да пропадне во овој историски потфат, во време кога мирот на европскиот континент навистина е скршен.

 

Наслов на оригиналот: Can the war in Ukraine revive the EU’s enlargement agenda for the Western Balkans? – Erwan Fouéré (Centre for European Policy Studies)

Линк до целата публикација во оригинал

За Авторот

Н.Е. Амб. Ерван Фуере е дипломат, аналитичар и активист, роден во Ирска во 1946 година. Бил прв човек на делегациите на ЕУ во Северна Македонија, Словенија, Јужна Африка и Мексико. Дипломира Граѓанско право, 1967 и Право во 1968 на Даблинскиот универзитет, диплома на Европски студии во Европскиот институт во Ница, 1969, постдипломски асистент за истражувачка дејност на Институтот Макс Констам во Брисел, 1970-72. Во 1998 година, претседателот на Јужноафриканската Република, Нелсон Мандела, го одликува Фуере со орден од Редот на добрата надеж.

Фуере има богата кариера која трае 38 години во институциите на ЕУ, на различни позиции и со високи одговорности, особено во секторите за надворешни работи на ЕУ. Сега, Ерван Фуере е научен соработник при Центарот за европски политички студии (CEPS).

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ