• Latest
Војо Маневски

Можни ли се реформи во нашето правосудство?

November 28, 2024

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Можни ли се реформи во нашето правосудство?

November 28, 2024 09:27
in ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter
ВОЈО МАНЕВСКИ

Вечната потрага по правда е она што го држи човештвото како заедница. Сонува за правда која ќе ги стави во еднаква положба сите луѓе, иако според низа на генетски и социјални услови тие не се еднакви. Инаку секој ќе ја крои правдата според свои мерила, а таквата правда е неправда. Се сеќавам на една реченица – простувајте луѓе зошто и Бог простува, а циниците велат – простува, ама нему никој не му суди.

Да не ги измешаме работите меѓу правдата и право раздавањето. Правдата е етичка категорија, а право раздавањето е доделување и одземање права и обврски според закон. Законот е творба на законодавецот кој треба да ги донесува законите во интерес на граѓаните. За кој дел од граѓаните се донесува законот е суштината на општеството. Или законите се во интерес на моќните или се води сметка за поширокиот слој на граѓани.

Како овие постулати ги применивме за сите овие години на независна држава. Нема едноставен одговор на ова прашање. Законите се израз на разбирањето на општествениот интерес во дадено време и на конкретна генерација. Транзицијата се спроведе според закон, ама колку беше по правда? Како и сите гревови секогаш постои пра-грев од кој се развиваат сите други гревови. Колку и да биде по закон, грабежот останува неправедна категорија. На таквите постулати и морал, дека само снаодливите успеваат, а при тоа нема етика, нема закон што важи за сите, ја растуривме економијата, образованието, државната администрација и изгледа најмногу правосудните органи. Дури и на таква искривена етика не ѝ одговара ваквото правосудство, па довербата во него е како статистичка грешка.

Дали ќе опстанеме како заедница и држава која функционира, зависи од храброста да се зафатиме со реформите и тоа во сите сегменти. Оној политичар што ќе има храброст да раководи со овие процеси треба да се стави на највисокиот пиедестал во историјата. Веројатно современиците ќе го крстат со погрдни имиња, ама како и во хирургијата ако не се отстрани заболеното ткиво ќе пропадне организмот, а лекарот треба да го лечи, а не да го одржува по секоја цена во постела.

Можни ли се реформи во правосудството? Тврдам дека не се можни на начин кој ќе донесе задоволувачки резултати, ако не се дел од целосната реформа на општеството. Реформата на политичкиот систем мора да биде водечки дел од тие реформи. Реформи во општествениот морал и етика се повеќе од нужни зошто поединечниот интерес не може да опстане без тоа да е дел од поширокиот интерес. Недостатокот на квалитетни кадри за државните органи како и за целокупниот економски систем е евидентен. Што ако од новиот кредит се земат десет милиони евра за инвестиции кога тешко веќе се наоѓаат оспособени кадри сите тие инвестиции да ги операционализираат и донесат профит.

Како да почнеме да се ослободуваме од транзицискиот неморал и неодговорност? Нели е доста од преовладувачкото мислење дека постојано ни се потребни млади и креативни луѓе. Со нивото на нашето образование креацијата е само индивидуален напор за личен успех, а никако систем од кој произлегуваат такви кадри. Потребни се способни и одговорни лица кои своето знаење и искуство ќе го реализираат во различни општествени сегменти. Не сум следбеник на разните теории на заговор, ама некои показатели кажуваат дека има некаков систем во водењето на процесите последните 30 години. Оние што ни вршеа разни обуки и за тоа дебело наплаќаа за просечните познавања нѐ убедија дека сѐ во стариот систем било лошо и мораме да се прилагодиме на напредните знаења. Тие обуки ги прилагодија како да доаѓаа во некоја средновековна земја која е толку заостаната што едвај чека да ги прифати нивните правила. На секој корен не се зафаќа секој калем, нѐ учел уште св. Климент. Резултатот е општ пад на просекот на знаење. Како во изреката „на пола пат ниту си саглам тргнал, ниту саглам стасал“!

Во правосудството на брзина си заминаа кадрите за кои велевме дека се комунистички индоктринирани и не ја разбираат демократијата како систем на поделба на власта. Место тие што го разбираа правото како израз на волјата на власта добивме нови кадри кои правото го разбираат како израз на клановски, партиски, дури и националистички интереси. Набрзина се девастираше правниот факултет и со низа клиентелистички мерки и постапки се сведе на курс за идни носители на дипломи. Одличен студент што ги знае законите, а не го разбира правото како  врвна општествена одговорност може само да биде судски бележник, а не и обвинител или судија. За триесет години се наполнија судовите со кадри кои и не се пред сѐ партиски, туку извршувачи на интересите на разни центри на моќ во државата. Нема овде правна етика, постулати, па дури ниту закон и процес. Се толкуваат законите на најекстензивен начин за да се задоволи интересот на оној кој има вистинска власт врз обвинителите и судиите. Идејата да се направи нов лик на граѓанин и со нова етика која ќе биде разбирлив за обучувачите од ЕУ не се реализира. Академијата како место од каде треба да произлезат новите обвинители и судии се претвори во курс за деца на gполитичари и деца на поранешни судии и обвинители. И нека се најдобри и нека ги познаваат законите како оче наш, право раздавањето бара конкретна проверка на менталната силина на носителот на овластувања кои треба да ги има обвинител или судија. Како се стекнува тоа искуство господа реформатори? Само низ пракса. При тоа ако сакаат од Брисел да ни помогнат тогаш овде треба да е нивната експертиза и искуство. Во конкретното водење на обвинителските и судски процеси. Нашите носители на правосудни функции за последните три децении покажаа дека не ја исполнија задачата. Зошто сега би им ги оставиле и новите носители на најодговорни функции тие да ги учат. Протенстантското разбирање дека сѐ може да се купи и да се плати, пред сѐ лојалноста и одговорноста ќе го девастираат нашето општество до ниво на некаков резервоар за работна сила и можеби во иднина како прифатилиште за разни мигранти. Треба да бидеме среќни ако станеме ланец на пензионерски и болнички установи за пензионерите од ЕУ.

Затоа со високи плати на обвинителите и судиите тешко дека ќе се реши проблемот на право раздавањето. Корупциските фондови се далеку поголеми од месечните или годишните плати.

Затоа мора да се влезе во сеопфатна реформа на целиот систем. Почнувајќи од нас граѓаните кои без одговорност ги трошиме ресурсите на нашите идни генерации, разбирајќи ја државата како безграничен базен на средства за сите наши болки. Затоа и нѐ напуштаат младите не сакајќи во иднина да ги плаќаат нашите заблуди. Гласаме според наше разбирање на работите, а им ја кроиме судбината на нашите потомци.

Ако не се разбере општествениот систем како организам кој за да функционира треба да се третира како целост, ниту една реформа нема да изведеме до крај. Затоа да го лечиме организмот во целост. Уште сега сум подготвен да напишам ода за реформаторот што ќе смогне храброст да почне со реформи, иако во почетокот и тој и јас и мојата ода ќе бидеме затрупани со купишта омраза.


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ