• Latest

Мрежа за заштита од дискриминација: МОН мора итно да спроведе целосна ревизија на наставните програми и учебници

May 20, 2020
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мрежа за заштита од дискриминација: МОН мора итно да спроведе целосна ревизија на наставните програми и учебници

May 20, 2020 11:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мрежата за заштита од дискриминација ја поздрави препораката на Народниот правобранител со која му се укажува на Министерството за образование и наука да спроведе ревизија на учебниците по социологија за втора година гимназиско образование и да ги замени спорните содржини со текстови кои се ослободени од дискриминација по која било основа. „Препораката е содржана во одговорот на Народниот правобранител по претставки од страна на Мрежата за заштита од дискриминација за учебниците по социолигија кои содржат дискриминација врз основа на род, брачен и семеен статус, раса, етничка припадност, здравствен и социјален статус.

Изминатите години јавноста и граѓанските организации интензивно реагираа и се застапуваа за целосно ревидирање на учебниците за основно и средно образование, но надлежните институции постојано го одолговлекуваа процесот. Имајќи предвид дека содржините во учебниците се предуслов за еманципација на идните генерации, недозволиво е во нив да се промовираат: шовинизам, родова нееднаквост и дискриминација.

Во 2019 година Министерството за образование и наука информираше дека учебниците по социологија не биле опфатени во процесот на ревизија од 2018 година и затоа најави ревизија на истите во текот на учебната 2020/2021 година.

Народниот правобранител информира дека Педагошката служба објавила повик за формирање комисија за давање мислења по доставените предлози за исправки на учебниците по социологија, откако авторите на двата учебници изработиле предлози за измени на учебниците. Изразуваме сериозна загриженост за начинот на кој се врши корекцијата на постоечките содржини за кои Народниот правобранител утврди дека се дискриминаторски и од чии автори Министерството повторно бара да извршат корекција. Од претходните искуства со промена на дискриминаторските содржини во учебниците, авторите најчесто не се сензитивни и не можат да го препознаат перпетуирањето на стереотипите и на дискриминацијата во текстовите коишто самите ги напишале. Оттука, неопходно е да се ангажираат автори кои имаат современи знаења од областа и кои имаат капацитети за да изработат квалитетни учебници. Кај најголем дел од учебниците се работи за текстови кои се целосно застарени и нерелевантни, што значи дека е невозможно да се добие квалитетна и современа содржина со измена на само неколку параграфи.

Апелираме до Народниот правобранител да ја следи имплементацијата на препораката со цел да се осигура дека Педагошката служба, односно дека Министерството за образование и наука како надлежна институција, ќе преземе мерки за отстранување и замена на спорните содржини со адекватни текстови коишто ќе бидат ослободени од дискриминација на сите основи.

Бараме од Министерство за образование и наука да постапи согласно своите надлежности, да започне со осовременување на образовните содржини, да изврши целосна ревизија на учебниците коишто се користат во основното и средното образование, како и да ги повлечат од употреба сите учебници каде се промовираат штетни и дискриминаторски содржини. Потсетуваме дека образованието е клучна област преку која се инвестира во човечки капитал, а правото на образование не е возможно да се гарантира преку пласирање на неквалитетни и нерелевантни содржини. Недостатокот од квалитетни и современи содржини во образованието е клучен фактор кој резултира со поразителните резултати од истражувањето на ПИСА, според кое македонските ученици се на 11-то место од назад и според кое само Косово има полоши резултати од нас во регионот.

Обврската за ревизија на учебниците е предвидена во Програмата на Владата за периодот од 2017 – 2020 година, а комитетите на ООН и Европската комисија во повеќе наврати препорачаа и побараа од државата да ја отстрани стигмата и дискриминацијата од образовните содржини“, стои во соопштението на Мрежата за заштита од дискриминација.

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ