• Latest

Мрежата за заштита од дискриминација бара итен избор на членови на Комисијата за спречување на дискринимација и на нов правобранител

November 17, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мрежата за заштита од дискриминација бара итен избор на членови на Комисијата за спречување на дискринимација и на нов правобранител

November 17, 2020 12:12
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието итно да ги започне постапките за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и избор на нов Народен Правобранител.

„Законот за спречување и заштита од дискриминација стапи на сила со објавувањето во Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 258/2020 на 30.10.2020. Согласно член 45, став 1 од овој Закон, јавниот оглас за избор на членови на Комисијата, Собранието на Република Северна Македонија ќе го објави во рок од 15 дена од влегувањето во сила на овој Закон. Согласно датумот на стапување во сила на Законот, вака предвидениот законски рок истече на 14.11.2020, а Собранието на Република Северна Македонија сѐ уште нема објавено јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“, стои во соопштението.

Вториот мандат на актуелниот Народен правобранител Иџет Мемети истекува на 24.12.2020.

„Согласно член 5, став 4 од Законот за Народен правобранител, Собранието има законска обврска да ја започне постапката за избор на Народниот правобранител и неговите заменици три месеци  пред истекот на нивниот мандат. Согласно датумот на истек на мандатот на актуелниот Народен правобранител, Собранието требало да ја започне постапката за избор на нов Народен правобранител и на негови заменици најдоцна до 24.9.2020, а Собранието сѐ уште нема објавено јавен оглас за избор на нов Народен правобранител“, додаваат од Мрежата.

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието во најкус можен рок да го спроведе изборот на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на транспарентен начин и водејќи сметка за квалитетот на избраните кандидати.

„Обврската составот на ова тело да го одразува составот на општеството во целина не смее да остане само декларативна, туку реална цел на Собранието бидејќи во спротивно ќе се компромитира целта на ова тело како гарант за еднаквоста на сите граѓани. Потребно е да се изберат професионални и независни кандидати/ки, кои на ниту еден начин не се поврзани со политичките партии. Притоа, етничката припадност не смее да биде единствен критериум, особено нејзиното тесно разбирање како распределба на позициите помеѓу Македонците и Албанците. Неопходно е да се води сметка за родовата еднаквост и да се вклучат претставници на маргинализираните заедници (Ромите, лицата со попреченост, ЛГБТИ и други). Дополнително, Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието во најкус можен рок да ја спроведе постапката за избор на нов Народен правобранител. Собранието при изборот треба да води сметка идниот Народен правобранител да биде лице кое ќе ги надмине долгогодишните идентификувани проблеми на институцијата, а кои се однесуваат на недостатокот на рамномерна распределба на финансиски и човечки ресурси, степен на стручност и компетентност на значаен дел од кадарот на институцијата, јавно објавените меѓучовечки конфликти и мобинг во институцијата и пополнување на празните работни места согласно Правилникот за систематизација во стручната служба, во тимот на Националниот превентивен механизам, во посебните одделенија и во канцелариите на Народниот правобранител“, стои во сооштението.

Новиот Народен правобранител, наведуваат од Мрежата, мора да биде лице кое ќе ја врати довербата на граѓаните во институцијата и ќе направи институцијата Народен правобранител да ги исполни меѓународно пропишаните критериуми за национални институции за човекови права, како што се Париските принципи за национална институција за човекови права на ООН и Принципите за заштита и промоција на Омбудсманот на Венецијанската комисија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ