• Latest

Мртвите тела во Буча „оживуваат“ само во главите на руските пропагандисти

April 7, 2022

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Мртвите тела во Буча „оживуваат“ само во главите на руските пропагандисти

April 7, 2022 12:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Додека демократскиот свет се згрозува од објавените ужасни видеа и фотографии на убиените цивили во киевското предградие Буча, медиумите поддржани од Кремљ, со лажни конструкции, истите ги прогласуваат за невистинити и исценирани и тврдат дека некои од снимките за убиствата се лажни, додека други укажуваат дека Украинците се одговорни за цивилното крвопролевање.

Ова е разработена тактики што Москва ја користи со години, со дезинформации да ја искривува вистината, што поддржувачите на Путин низ светот, вклучително и во Северна Македонија ја прифатија и понатаму ја шират по медиумите.

Меѓу првите „докази“ што ги лиферуваа проруските медиуми, е „обработеното“ видео од украински аматерски снимки кои првично беа објавени на социјалните мрежи и од украинските официјални лица, на кое се прикажува како во ретровизорот од автомобил во двишење се гледа како безживотно тело одеднаш ја движи раката.

https://www.youtube.com/watch?v=dYN_MLP0QkA

Ова видео „Сделано в России“ го објави и македонскиот портал „Think.mk“, под наслов „ЖРТВИТЕ ОЖИВУВААТ КОГА ЌЕ ПОМИНЕ КАМЕРАТА?“- ВИДЕО: ДОКАЗ ДЕКА МАСАКРОТ ВО БУЧА Е ИСЦЕНИРАН? – УМРЕНИТЕ ОЖИВУВААТ ОТКАКО ЌЕ ПОМНЕ КАМЕРАТА?.

Порталот инаку нема импресум, и не може да му се најде уредувачката структура. Видеото, и уште многу слични на него, дела на руската пропаганда, беше објавено на нивната веб страна и на Фејсбук профилот на, како што самите се нарекуваат „News & media website“, Друштво за размислување и разонода Think.mk – место каде можете да најдете приказна која ќе ја пополни празнината во Вашето секојдневие!

Каква разонода пронајдоа во објавување на снимки од убиени цивили и безживотни тела кои лежат по улици, знае само уредувачкиот тим на порталот, кој секако не може да се најде на страната.

Но „Дојче веле“ изнесува докази кои го побиваат ова тврдење изнесено во руското видео, а пренесено од порталот „Think.mk“.

Според ДВ, при проверката на факти е востановено дека во прикажаното видео нема ниту едно мртво тело што ја крева раката. Од ДВ го локализираа местото на настанот. Станува збор за улица „Јаблунска“, во јужниот дел од градот Буча. На Гугл стрит вју од 2015 година се препознатливи одделни објекти од видеото, иако на улицата има и нови градби. Колоната возила, од која е снимано видеото, возела во североисточна насока.

Тврдењето во видеото се однесува на наводно движење на рака на едно мртво тело. Станува збор за телото десно во сликата, покрај кое поминува колоната возила. Навистина се чини како нешто да се движи, кога снимката се приближува до телото, но тоа не е рака.

Анализата на снимката која ја изврши ДВ покажува дека станува збор за капка дожд на предниот дел од возилото од кое се снима. Оваа капка, која се движи нагоре поради ветрот предизвикан од движењето на возилото, создава впечаток на движење. Друга верзија на снимката со подобра резолуција недвосмислено покажува дека станува збор за капка вода, а не за движење на рака.

Дојче веле го замоли и дигиталниот форензичар Дирк Лабуде, професор на Високата школа Митвајда, за подлабинска анализа на видеоматеријалот. Лабуде притоа констатираше дека при движечкиот објект во видеото станува збор „само за детектиран артефакт на предниот ветробран на возилото од кое се врши снимање. При внимателна анализа, не се гледа никакво движење на телото”.

И Њујорк Тајмс објави сателитски снимки од Буча, кои докажуваат дека цивили биле убиени за време на окупацијата од страна на руските војници.

Сателитска снимка од Буча, предградие на Киев на која се гледаат мртви тела низ градот за време на руската окупација

Анализата на сликите потврдува дека телата лежат на улица повеќе од три недели. Почнаа да се појавуваат на улиците на градот кон средината на март. Во тоа време, Буча беше контролирана од руски напаѓачи.

Така, публикацијата го побива тврдењето на Русија дека масакрот во Буча се случил откако окупаторите го напуштиле градот.

Сателитските снимки обезбедени од Maxar Technologies покажуваат дека најмалку 11 тела се на улиците од 11 март, кога Русија го окупираше градот.

„На пример, на фотографијата од 2 април се гледаат многу тела на улицата „Јаблунски“. Најмалку 11 од овие тела лежат на улица од 11 март. Понатамошните анализи покажуваат дека телата останале на оваа позиција повеќе од три недели“, се вели во соопштението.

Порталот, и покрај негативните коментари за објавеното лажно, манипулативно руско видео, продолжува со проруската агенда, и со несмалено темпо објавува дезинформации создадени од руската пропагандна машинерија.

Драган Мишев

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ