• Latest

МТСП: Детската заштита систематски се уриваше 11 години

January 4, 2018

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МТСП: Детската заштита систематски се уриваше 11 години

January 4, 2018 16:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Министерството за труд и социјална политика (МТСП) презема соодветни мерки за надминување на состојбите и непречено одвивање на дејноста во јавните установи за деца, детските градинки, во делот на нивната кадровска екипираност“ – се вели во изјавата за ЦИВИЛ од ова министерство. 

ЦИВИЛ побара објаснување од МТСП по денешното соопштение на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во кое се изнесени обвиненија дека: „Изминативе денови сме сведоци дека на голем број наставници, воспитувачи и негователи со повеќегодишно работно искуство, без никаква причина не им се продолжува договорот за работа, а на нивно место се примаат нови работници кои по некои „чудни “ критериуми, без ниту еден ден работно искуство, ги пополнуваат вештачки испразнетите места.“

„Министерството за труд и социјална политика на 29.12.2017 даде согласности за продолжување на претходните согласности од 2017 година, кои важат од 01.01.2018 до 28.02.2018, со цел да нема застој во работата на градинките. Истите се доставени до градоначалниците за нивно постапување. Информираме дека министерството веќе прави детална анализа на секоја установа поединечно, што ќе резултира со трајно решавање на проблемот со кадровската екипираност во установите за деца детски градинки“ – прецизираат од Министерството.

Во изјавата од Министерството се потенцираат и наследените состојби. „Потсетуваме дека во последните 11 години системски е уривана детската заштита и е направен недостиг на кадар во градинките од повеќе од 2.000 луѓе“ – се вели во изјавата за ЦИВИЛ.

На прашањето дали се прават напори да се надмине оваа состојба, од Министерството нѐ информираат: „Како што веќе известивме, со буџетот за 2018 година обезбедивме средства за 200 нови вработувања во градинките, за зголемувањето на платите за вработените во градинките за пет отсто, како и дополнителни средства за материјални трошоци за функционирање на градинките“.

Градинките и другите јавни установи за деца и млади со години се соочуваа со недостиг од кадар, буџетски намалувања, а не ги одмина ни процесот на жестока партизација што ја наметнуваше претходната власт, за што ЦИВИЛ како организација, но и како медиумска платформа повеќе пати ја информираше јавноста. Во текот на изминатите неколку години, вработени во градиниките често се обраќаа до организацијата со информации дека се вработуваат речиси исклучиво партиски војници и послушници на претходната власт. Негрижата на претходната власт одеше паралелно со кампањите на претходната власт за зголемување на наталитетот и други популистички мерки. Во реалноста, не само што не се подобруваа состојбите во доменот на детската заштита, туку само се влошуваа.

Останува отворено прашањето – чија агенда спроведува СОНК?

Џ. Дерала

Tags: вработувањадетска заштитаМТСПпартизацијаСОНК
Share18TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ