• Latest

МТСП: Градиме систем кој е праведен и прилагоден на лицата со попреченост

July 28, 2022
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

МТСП: Градиме систем кој е праведен и прилагоден на лицата со попреченост

July 28, 2022 13:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика по наводите на Коалицијата „Менуваме“ во некои од медиумите, за „остварувањето на праватa за еднаквост, достоинствен живот и вклучување на лицата со попреченост во целокупниот јавен живот“, ја информира јавноста дека, согласно Програмата за работа на Владата на РСМ за 2022, предвидено е зголемување на правото на посебен додаток за 15 % за сите три категории на корисници на ова право, а измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата е влезен во собраниска процедура и обезбедени се средства за ова покачување со ребалансот на буџетот, информираат од МТСП.

Исто така, доставена е измена и дополнување на Законот за социјална заштита со која се дополнуваат критериумите за користење на личната асистенција, односно дополнување со комбинираната попреченост, како и намалување на возрасната граница кај правото за траен надоместок за родители кои до 26-тата година се грижеле за дете со попреченост без да биде згрижено во институција, односно намалувањето е од 62 на 60 години за жени и од 64 на 62 години за мажи.

За измена на условите за користење на правото за попреченост планирани се активности во последниот квартал на 2022 година, со цел покачување на висината на правото во 2023 година, но и степенување на истото, согласно преостанатата функционалност и индивидуалните потреби на корисниците.

Целта на социјалната реформа не е само покачување на висината на правата, односно зголемувањето на пасивните мерки, туку и зголемување на обемот и достапноста до квалитетни услуги во делот на социјалната заштита, образованието и здравството, со што децата и лицата со попреченост на еднаква основа да користат услуги, да се стекнат со квалитетно образование и да се стекнат со вештини кои ќе им обезбедат влез на пазарот на трудот и да направиме самостојни активни граѓани.

Новите права и услуги за 2022 година коишто се договорени со другите министерства и фондови и со неколку здруженија на граѓани, се:

  • ослободувањето од здравствената партиципација за лицата со попреченост над 26 години во вкупна висина од 16.000.000 денари,
  • измена на правилникот за утврдувањето на список на поправки на ортопедските помагала за покривање на трошоците за сервис и поправка на говорниот процесор,
  • намалување на времето за доделување на ортопедски помагала – чевли од 9 на 6 месеци,
  • промена на критериумите за користење на личната асистенција, односно дополнување со комбинирана попреченост каде доминантна е телесната (која со оваа измена ќе може да ја користат и лицата со церебрална парализа),
  • проверка на усогласувањето на  висината на правата со трошоците за живот.

Она што е исто така многу важно е измената и дополнувањето на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година, каде е определена цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете/лице со попреченост од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, односно 858 денари за индивидуален третман и 1.053 денари дневно по корисник, платени преку Центрите за социјална работа.

Во моментот трите Министерства: МТСП, МОН и МЗ го подготвија правилникот за работа на Комисиите кои прават проценка по Меѓународната класификација на функционалности и истиот е на финално одобрување, по што овие Комисии ја преземаат обврската да го определуваат степенот на поддршка на децата со попреченост.

Во тек е изработка/воведување на Регистар за лицата со попреченост на кој се работи во МТСП, воведување на единствен систем на проценка на попреченост и реформа на системот за вработување на лицата со попреченост.

Обезбедени се средства за вработување на 500 образовни асистенти во наставата (218 милиони денари), а со ребалансот се обезбедени средства за дополнителни 225 асистенти, кои им се потребни како поддршка на наставниците во работата со учениците со попреченост.

Потпишан е договорот за лицата што користат Кохлеарни импланти за набавка на говорниот процесор.

Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, со поддршка на Светска Банка развиена е услугата помош и нега во домашни услови и со ребалансот обезбедени се 27 милиони денари овие услуги да се плаќаат преку Буџетот на Министерството.

Во тек е и нов јавен повик на кој ќе може да се пријават сите Единици на Локална Самоуправа да развиваат социјални услуги во локалната заедница.

Завршено е идејното решение за реновирање на ЈУ Завод за рехабилитација Скопје, кој ќе прерасне во модерен центар за социјални услуги за што се обезбедени средства од 1,5 милиони евра од страна на ЕУД. Во тек е обезбедувањето на дозволите за адаптација на објектите и во текот на месец август ќе биде распишан тендер за изведување на градежните работи.

Дополнително, започна подготовка на нова Национална стратегија за лицата со попреченост 2022-2027година.

До крајот на годината планирано е обезбедување на обуки и понуда на работни места за невработените родители на децата со попреченост во услугите од социјалната заштита и во Дневните центри.

Досега се отворени 12 организациони единици за живеење со поддршка со капацитет од 60 лица, под ЈУ Специјален Завод Демир Капија.

До крајот на 2022 година ќе се отворат нови 10 станбени единици за живеење со поддршка за 50 корисници од Специјалниот Завод Демир Капија и ЈУ Завод за рехабилитација Скопје.

Министерството за труд и социјална политика е во постојана комуникација со здруженијата на граѓани за заштита на правата на лицата со попреченост, со Националните инвалидски организации, со родителските организации, а во насока во рамките на можностите на Буџетот да одговори на потребите и барања на децата и лицата со попреченост.

Министерството е отворено за соработка со цел градење на систем кој е праведен, кој ги следи потребите на секоја индивидуа и врз основа на потребите да ги креира политиките и мерките во иднина, стои во соопштението од МТСП.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ