• Latest

МТСП: Онлајн обуките за воспитувачи придонесуваат во подигнувањето на квалитететот на предучилишното образование

December 4, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МТСП: Онлајн обуките за воспитувачи придонесуваат во подигнувањето на квалитететот на предучилишното образование

December 4, 2020 11:01
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика започна со реализацијата на серија онлајн работилницинаменети за зајакнување на компетенциите на практичарите во системот на предучилишно образование.

„Целата на овие обуки, кои во овој период, заради препораките и протоколите за заштита од Ковид-19 се одржуваат по електронски пат, е да им се пренесат нови знаења и вештини на избрани воспитувачи од предучилишни установи ширум земјата кои понатаму ќе ги пренесат овие стекнати знаења на своите колеги, со што ќе се зајакне нивниот професионален развој, а со тоа ќе се овозможи натамошно подобрување на квалитетот на предучилишното образование во земјата“, објаснува Елизабета Куновска од Министерството за труд и социјална политика, Менаџер на Проектот за подобрување на социјалните услуги.

Работилниците се дизајнирани според најдобрите светски практики и истражувања во областа на развојот на малите деца кои се базираат на невроедукација, учење преку игра и учење засновано на решавање на проблеми. Во нивната реализација е вклучена проф. д-р Реберка Гренџер-Елис од универзитетите Џон Хопкинс и Њу Орлеанс во САД. Таа е еден од водечките светски експерти во областа на социо-емоционалниот развој на децата, со повеќегодишно искуство во реализација на програми кои се базирани на научни истражувања за деца во предучилишно и основно образование, вклучувајќи и надарени и деца со потешкотии во учењето и развојот.

До крајот на оваа и почетокот на идната година планирано е да се одржат вкупно шест вакви онлајн работилници. Инаку, тие се дел од втората компонента од Проектот за подобрување на социјалните услуги што се реализира со поддршка на Светска банка, а го спроведува Министерството за труд и социјална политика во рамки на сеопфатната реформа на системот на социјални услуги и напредучилишно образование во земјата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ