• Latest

МТСП задоволна од извештајот на ЕК и позитивните оценки за социјалните реформи

May 30, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МТСП задоволна од извештајот на ЕК и позитивните оценки за социјалните реформи

May 30, 2019 11:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Се забележува напредок во социјалната инклузија и заштита. Сиромаштијата е сѐ уште сериозен проблем, но се очекува подобрување на состојбата со новиот Закон за социјална заштита кој овозможува гарантиран минимален приход за сите невработени“, се вели во извештајот на ЕУ во однос на напредокот на Република Северна Македонија во делот на труд и социјална политика.

Социјалната реформа предвидува унапредување на правата на лицата со попреченост и сите ранливи категории, што е во согласност со заклучоците на ЕУ според кои лицата со попреченост и Ромите се во најголем ризик од сиромаштија.

Во извештајот се поздравува и воведувањето на таканаречената социјална пензија, имплеметацијата на „Гаранцијата за млади“ и пилотирањето на услугата персонална асистенција, која во новиот Закон станува и загарантирано право. За „Гаранцијата за млади“ се вели дека е многу важен и позитивен чекор за намалување на младинската невработеност во земјата. Преку оваа мерка изминатата година се вработија 1.839 млади.

За оваа година МТСП издвои 300% повисок буџет за предучилишно образование. ЕУ ги истакнува инвестициите во нови градинки и високо квалитетни обуки за кадарот, како и системските мерки на министерството за поголема инклузија на децата Роми во градинките.

Во однос на регулирање на пазарот на трудот, во извештајот се нотира вклучувањето на сите засегнати страни во подготовка на новиот Закон за работни односи. Исто така, се спомнуваат измените на Законот за минимална плата, благодарение на кои околу 90.000 работници добиваат повисоки плати, откако се изедначи минималната плата за работниците во текстилната и кожарската индустрија со други гранки. Извештајот на ЕУ, исто така, забележува пад на невработеноста од 22.4% во 2017 на 20.7% во 2018 година.

Согласно извештајот новиот Закон за превенција и заштита од дискриминација, кој беше донесен во март оваа година, ќе придонесе за изедначување на мажите и жените на пазарот на трудот и во поглед на социјалните политики. Со него сексуалната ориентација и родовиот идентитет се воведуваат како основи за дискриминација и се овозможува еднаква заштита за сите граѓани.

Понатаму, се зборува за усвоената Национална стратегија за деинституционализација 2018-2027. Се истакнува дека се преземени конкретни мерки за алтернативни форми на згрижување, а паралелно се развиваат и услуги во заедницата. Во Специјалниот завод Демир Капија повеќе нема деца на возраст до 18 години, а целосно се трансформирани и домовите.

„11 Октомври“ и „25 Мај“. Децата се сместени во мали групни домови во Скопје, Неготино, Тимјаник и Штип, а дел се вдомени кај згрижувачи. Бројот на деца сместени во институции е намален за 75%.

МТСП ќе продолжи со системски мерки за унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани и следење на препораките од Европската Унија, особено во делот на унапредување на работничките права.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ