• Latest

Мухамед Зекири под истрага за проневера, ден на Ромите не е само денеска, 30 загинати цивили во руски ракетен напад врз железничка станица

April 8, 2022

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Мухамед Зекири под истрага за проневера, ден на Ромите не е само денеска, 30 загинати цивили во руски ракетен напад врз железничка станица

April 8, 2022 16:36
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Рускоска: Имаме податок каде се парите, предметот против Зекири е добиен во втората половина на 2021

Обвинителката, Вилма Рускоска, денеска изјави дека предметот за истрагата за проневера која е покрената против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани, Обивнителството за организиран криминал го добило во втората половина на 2021 година.

– Истрагата се водеше од Министерството за внатрешни работи, а Обвинителството го доби случајот во втората половина на 2021 година. Од тогаш, надлежниот обвинител издаде повеќе наредби за собирање докази и во текот на вчерашниот ден стигна и последното известување, по што надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување истрага и предлог за определување мерка притвор за осомничените. По таа мерка, Судот ќе одреди како ќе постапува понатаму. Имаме податок за тоа каде се парите.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Муратов: Убаво е да се честита и да се одбележува Меѓународниот ден на Ромите 8 Април, меѓутоа денот на Ромите не е само денес, ден на Ромите беше и вчера, а ден на Ромите ќе биде и утре, бидејќи Ромите треба да бидат рамноправни граѓани во општеството секој ден, а не само еден ден во годината.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Околу 30 загинале, околу 100 луѓе се повредени во денешниот руски ракетен напад врз железничка станица во Краматорск,  каде што илјадници мирни Украинци чекале евакуација.

Алуминиумската компанија на Олег Дерипаска „Русал“ стана првата руска компанија која објави повик за истрага на воените злосторства во Украина по масакрот во Буча.

Руските пропагандисти планираат да ги искористат телата на убиените Украинци за да создадат уште еден фалсификат, чија цел е да ја обвинат украинската војска за масовни убиства, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски во видео обраќањето на 43-от ден од  руско-украинска војна.

Режимот во Кремљ започна прикриена мобилизација на резервисти и регрутирање на таканаречени „волонтери“, за да испратат во Украина платеници од најсиромашниот регион на Руската Федерација – Тува, да убиваат и ограбуваат. Во исто време, нивната униформа и опрема се навистина неверојатни – наместо цврсти војнички чизми тие имаат гумени чизми.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДЕН НА РОМИТЕ Со поставување на знамето на Ромите на јарбол пред зградата на Владата, интонирање на химната на ромскиот народ и свечен прием, денеска беше одбележан Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.

ОСТАВКА Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири објави на Фејсбук дека поднесува неотповиклива оставка од функацијата. Ова доаѓа откако Јавениот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против Зекири и двајца хрватски државјани.

ИНТЕГРАЦИИ Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на неговата работна посета на Република Грција, по повод учеството на Економскиот форум Делфи, оствари средби со австриската министерка за европски прашања, Каролин Едштадлер и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, информираат од Владата.

СРЕДБА Премиерот Димитар Ковачевски за време на Економскиот форум Делфи во Грција, оствари средба со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, информираат од владината прес служба.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА По објавените содржини на социјалните медиуми од страна на вработена во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, а кои се однесуваат на неправилности во работењето на установата, како и несоодветна грижа за корисниците на социјални услуги, инспектори од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерството за труд и социјална политика извршиле вонреден инспекциски надзор во кој било конатстирано дека нема неправилности во постапувањето и работењето на Заводот.

ГРАД СКОПЈЕ  Крајно сме разочарани од одлуката на Град Скопје да не ја поддржи овогодинешната музичка програма на единствениот фестивал за феминизам и феминистичка култура во Северна Македонија, ПРВО ПА ЖЕНСКО, реагира преку Фејсбук објава организацијата за заштита на женските права Тиииит! Инк.

 

 

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески најави тужба за генсекот на Левица, Јована Мојсоска и побара јавно да му се извини во рок од 24 часа, а доколку не го стори тоа пратеникот ќе бара надомест за нарушување на честа и угледот. Мојсоска на Твитер објави дека пратеникот од Струга и координатор на претеничката група на СДСМ, Митрески гласаше против намалување на патарините, а истиот во 2017 година само во два месеци искешира 100.000 денари за патни трошоци (од тие два месеци, еден месец не работеше Собранието).

Пратеникот Митрески најави дека добиените средствата од тужбата ќе ги донира за санација на спомен куќата на Христо Узунов во Охрид, за која Мојсоска во 2016 заработи кривична поради оштетување!

МУЛТИКУЛТУРА

Беса Арифи, професорка по кривично право и криминологија во Универзитетот на Југоисточна Европа, во интервју за ЦИВИЛ ги разложува аспектите на меѓуетничката состојба во Република Северна Македонија, проблемите, и начинот на кој тие може да се надминат.

 

Легендарните Пинк Флојд објавија нова песна  „Hey, Hey, Rise Up“  во знак на поддршка на Украина, во соработка со  Андриј Хливњук, пејачот на украинската група „Бумбокс“.

СЛОБОДНА ЗОНА

 

Војо Маневски

Ако во последната колумна ја третирав операцијата на шишање на граѓаните во таковината ни, си најдов замерка што не ја спомнав поубавата половина на попишаните граѓани поточно граѓанки. Моите познавања од таа тема се на многу ниско ниво, а и ми недостасува храброст да пишувам за женската убавина. За оваа тема ќе се послужам со мислата на еден мој исписник кој вели „порано имаше и убави девојки и помалку убави, ама кога поминав одреден број на години на овој свет, сите жени ми се убави“. Затоа темата со фризирањето на женскиот свет ќе ја оставам на оние што имаат многу повеќе познавање од мене и по истенчен вкус, пишува Војо Маневски во колумната „Бричење на суво“

 

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Социополитичката машина за мелење месо постојано ги држи Ромите на трпезата, свежи и спремни за правење плескавици за потребите на побројните, моќните и „вредните“. Ромите, непожелни и вековно омразени, кога се веќе тука, имаат неколку сосема споредни „улоги“ во животот на едно општество. Тие улоги се сведени главно на нивната умешност да организираат живописни свадби и други веселби, да свират и пеат по кафеани, да чистат скалила или ветробрански стакла. Но тука се да бидат и редовен предмет на потсмев и презир, боксерска вреќа на сите, па и на најмногу онеправданите, бидејќи, нели, Ромите се подолу од сите, помалку вредни од сите. Поточно, тие се безвредни,  пишува Џабир Дерала во својата анализа „ Меѓу антициганизмот и борбата за човекови права“

 

Д.Мишев

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ