Крајно сме разочарани од одлуката на Град Скопје да не ја поддржи овогодинешната музичка програма на единствениот фестивал за феминизам и феминистичка култура во Северна Македонија, ПРВО ПА ЖЕНСКО, реагира преку Фејсбук објава организацијата за заштита на женските права Тиииит! Инк.
Оваа година ППЖ го слави своето јубилејно десетто издание, па затоа се потрудивме и програмата на фестивалот да ја отсликува оваа децениска заложба за отворање и одржување на овој феминистички простор во нашиот град.
За жал, добивме само штуро известување по мејл за ваквата одлука, без никакво подетално образложение или решение, кое би ни овозможило да ја обжалиме ваквата одлука на Град Скопје.
Затоа се одлучивме вака јавно да побараме објаснување од надлежните и соодветно да реагираме на тоа.
Се надеваме дека Одделението за култура при Град Скопје ќе се одважи и ќе ни одговори на овој јавен приговор, затоа што во моментот организацијата Тиииит! Инк. е лишена од секаков друг вид на простор за приговор и објаснување, велат од организацијата.