• Latest
Џабир Дерала во второто издание на „Мулти култи бриф“, 18 март 2022, фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Мулти култи бриф #2: ЦИВИЛ на средба со државниот врв, серија интервјуа на тема мултикултура

March 18, 2022
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Мулти култи бриф #2: ЦИВИЛ на средба со државниот врв, серија интервјуа на тема мултикултура

March 18, 2022 16:12
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Џабир Дерала во второто издание на „Мулти култи бриф“, 18 март 2022, фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Џабир Дерала во второто издание на „Мулти култи бриф“, 18 март 2022, фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Под заеднички наслов „Чекор напред кон мултикултурно општество“, ЦИВИЛ од 1 март ги интензивира своите акции со кои ги промовира почитувањето на различностите, недискриминацијата и еднаквоста во општеството.

ЦИВИЛ во изминатата недела имаше интензивни активности во Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“.

Преставници на ЦИВИЛ остварија средба со Претседателот Стево Пендаровски по повод почетокот на реализацијата на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“.

Претставниците на организацијата го информираа претседателот за активностите во рамки на проектот, што ќе бидат насочени кон промоција на мултикултурализмот, почитувањето на различностите и недискриминацијата во општеството како фундаментални човечки и европски вредности.

Пендаровски, истакнувајќи ја важноста на темите опфатени во проектот, изрази поддршка за активностите на организацијата и заложбите за мултикултурно општество.

Претставниците на ЦИВИЛ одржаа работна средба и со Роберт Алаѓозовски, Национален кординатор за интеркултурализам и едно општество за сите.

По работната средба, Алаѓозовски даде и интервју за ЦивилМедиа што ќе биде објавено деновиве.

Претставниците на ЦИВИЛ одржаа работна средба и со директорот и заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Еран Куртиш и Џељал Хоџиќ.

Од АОПЗ изразија поддршка за активностите на ЦИВИЛ и заложбите за мултикултурно општество.

Претставниците на ЦИВИЛ одржаа и работна средба со проф. д-р Рубин Земон, поранешен пратеник и еден од најактивните учесници во процесот на креирање на стратегијата „Едно општество за сите“.

По работната средба, проф. Земон даде и интервју за ЦивилМедиа што ќе биде објавено деновиве.

На 22 март (вторник) претставниците на ЦИВИЛ ќе остварат работна средба со претставници на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

ЦИВИЛ исрати барање за средба и до премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, Народниот Правобранител, Комисија за спречување и заштита од дискриминација и други институции.

Во рамки на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, изјави дадоа и новинарот и уредник Сеад Ризвановиќ и универзитетската професорка Мимоза Ристова.

„Во Фокусот“ на ЦИВИЛ се одржа и онлајн настан – „Мултикултурализам: Основа за развој, стабилност и почитување на човековите права и слободи“.

ЦИВИЛ уште еднаш ги повика граѓанките и граѓаните да земат активно учество во оваа иницијатива.

Од почетокот на овој месец, тимот на организацијата внесе неколку нови компоненти во својата агенда, а минатиот петок се одржа и првиот „Мулти култи бриф“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ