ЦИВИЛ продолжува со серијата онлајн настани насловени „Во Фокусот“, овој пат на тема „Мултикултурализам: Основа за развој, стабилност и почитување на човековите права и слободи“. Настанот ќе се одржи утре (четврток), 17 март, со почеток во 14:00 часот.
На панелот ќе се отворат прашања за еднаквата основа за развој во различни сфери и аспекти, како што е застапувањето, образованието, вработувањата и слично, како да се креира и да се задржи таа еднаква основа, врз која се гради стабилноста на едно општество во сите аспекти. Со еднаквата основа за развој се почитуваат и човековите права и слободи, и се негува мултикултурализмот во нашето општество. Учесниците ќе имаат можност да дискутираат за сите овие прашања, онлајн или со физичко присуство, а настанот ќе биде емитуван во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ.
Панелот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.