• Latest

Меѓународен ден на укажувачите: Огромна е улогата на ‘свиркачите’ во борба против корупцијата!

March 24, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меѓународен ден на укажувачите: Огромна е улогата на ‘свиркачите’ во борба против корупцијата!

March 24, 2017 20:19
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 На Меѓународниот ден на укажувачите („свиркачите“/whistle-blowers) светот им оддава признание на граѓаните кои имаат интегритет и храброст да пријават злоупотреба. Укажувачите играат важна улога во откривањето и борбата против заканите за јавниот интерес – од политичка пристрасност и корпоративна корупција до банкарска измама и перење пари, или до загадена вода и небезбедна храна. Преку своите активности, укажувачите ширум светот, спасуваат многу животи.

Денеска, одбележувањето на Меѓународниот ден на укажувачите и Денот на слободен говор, во Македонија беше во организација на Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна  Европа (SECWP) и на Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија.

SECWP е единствена регионална организација во светот, посветена на подобрување на правата на укажувачите, поддржувајќи ги истите и истражувајќи ги нивните обелоденувања. СКУП е независен извор на детални вести од јавен интерес во Македонија.

Настанот беше проследен со кратки говори на активисти за човекови права, укажувачи, новинари, а краток говор имаше и Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Катица Јанева

Марк Ворт, координатор на Коалицијата на укажувачите во Југоисточна Европа, истакна дека сега, со можноста која ја дава алатката поставена на веб-страницата на Коалицијата, корупција и секаков вид на криминално делување, може да пријават и помалку храбрите укажувачи.

„Ја одбравме Македонија, како држава во која ќе се одржи првата прес- конференција во чест на Меѓународниот ден на укажувачите, бидејќи моментално се евидентирани премногу притисоци врз новинарите и медиумите, притисоци врз вработените во јавните институции, но и премногу притисоци врз невладиниот сектор. Ние не очекуваме дека сите ќе станат ‘свиркачи’, но се надеваме дека свеста кај популацијата ќе се подигне на повисоко ниво.”

Марк Ворт

Арџан Дурмиши, член на Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа, посочи дека улогата на ‘свиркачите’ е од најголемо значење во борба против корупцијата.

Локацијата и моменталните случувања во Македонија се дел од причините за вклучување на државата во оваа кампања, истакна Кристина Стеванчевиќ, член на Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во своето обраќање ја потенцираше важноста од Предлог-законот за заштита на сведоци кој сé уште е во процедура. Поради одолговлекувањето на законот, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не е во можност да пружи целосна заштита на укажувачите, зашто, без предложените механизми, самиот закон не е доволно функционален.

Сите укажувачи треба да бидат свесни дека со нивните дела прават добро дело за државата. СЈО се оградува од сите политички импликации, како за наводното нарушување на медиумскиот простор на одредени медиуми, истакна обвинителката Јанева.

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл, како дел од авторскиот тим на Законот за укажувачи и дел од Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа, зборуваше за важноста и механизмите на тој закон за кој во Македонија почнало да се зборува уште во 2000 година.

Кога беше донесен првиот закон за корупција, беше предвидено дека лице кое ќе пријави корупција – нема да има последици, но за жал, во пракса, беше различно. Укажувачот на корупцијата во Телеком – Симо Груевски, своевремено пријави неправилности во надлежните институции, но за жал, Јавното обвинителство се изјасни дека нема доволно докази за покренување постапка. Сега, за корупцијата во македонскиот Телеком се води постапка, но во САД.

Своето лично искуство, го сподели и Марјан Поповски, екс-синдикалец во фирмата „Сервис – Раде Кончар” и како акционер во А.Д „Кончар – мала техника“. Тој изјави дека во 2011, како свесен граѓанин, чувствувал обврска во УЈП да пријави затајување на данок на околу 400.000 евра од две лица, но за жал, пријавата сé уште нема разрешница. Во тој период, откако е поднесена пријавата, дури седум негови колеги добиле отказно решение.

Меѓународниот тим-лидер Петрус Тоинес, го сподели своето искуство од 2001 година во Косово. Имено, во тоа време, здравствениот сектор бил целосно корумпиран и кога почнале со укажувања, односно, со јавно посочување на корумпираните доктори, постојано добивал закани дека ако сака од Косво да се врати со двете нозе, мора да прекине со тие активности!

Долгогодишниот активист за човекови права Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода, стави акцент на ризикот со кој се соочуваат ‘свиркачите’, но и на важноста од подршката која сите организации и медиуми треба да им ја пружат.

Џабир Дерала

„Ако порано ме охрабруваа со шепот во продавници, сега, гласно и со крената тупаница на сред улица викаат: ‘Браво, само така!”, рече Дерала.

Ветеранот на македонското новинарство Зоран Иванов рече дека сонува за закон кој ќе ги третира сите жители во државава како ‘свиркачи’, односно, македонското општество „да стане општество на свиркачи“.

Покрај кратките говори, се прикажа и филмот „Цената на правдата”, презентирана беше наградата за „Слободен говор 2017“, а според програмата, беше предвидена и забава со настап на Crossroad Blues Band.

 

Маријана Гугоски

Фото: Биљана Јордановска

Tags: „Цената на правдата”IvanovSECWPВСортГруевскиДен на слободниот говорДералаЈаневаМеѓународен ден на укажувачитеПоповскиСКУПСтеванчевиќТасеваТоинес
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ