„Луѓето сакаат сѐ да им е сервирано, не сакаат да употребат интелектуален напор, да размислуваат. Ќе дадам пример. ЦИВИЛ е познат по тоа дека ставовите наши не ги добиваме седејќи во канцеларија, ние сме меѓу граѓаните ги црпиме нашите сознанија. Еден од одговорите на она зошто луѓето уште не веруваат дека во Украина има војна, парафразирам – короната заврши затоа што почна војната со Украина. Госпоѓата што го дава одговорот вели дека од старите го знае ова, тие е кажале“, изјави Дехран Муратов од ЦИВИЛ на панел дискусијата на тема „Слонот во собата“, посветена на дезинформациите и пропагандата.
„Гледаме дека одредени политички центри на моќ сѐ уште ги убедуваат граѓаните дека ние не почнуваме со ЕУ. Лекот е да не бидат партиски послушници, да излезат од таа рамка што ќе каже лидерот и слепо да му веруваме, навивачки, без да имаме критички тон“, додаде Муратов.
„Видовме и колку дијаспората беше гласна, кога протестираа нашите сограѓани во Македонија. Јас искрено очекував барем еден човек во Брисел да излезе со некаков транспарент и ќе каже „Не го продавајте идентитетот“, но не се случи тоа. Тоа е уште еден показател дека беше само манипулација, ова што се случуваше пред Собрание“, додаде Муратов.
Б. Ј.
камера и монтажа: Ариан Мехмети