• Latest

Музеј без бариери – ЛУ Градски музеј, Крива Паланка

June 27, 2018

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Музеј без бариери – ЛУ Градски музеј, Крива Паланка

June 27, 2018 09:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Достапноста и пристапноста на музеите до лицата со попреченост беше тема на годинашната, втора по ред Меѓународна конференција „Балкански музеи без бариери“, која се одржа на 20 и 21 јуни во Музејот на жртвите од холокаустот во Скопје, на која помеѓу четириесетмината учесници од дваесетина музеи од Балканот учествуваа и претставници од Локална установа Градски музеј, Крива Паланка.

Аудио-водич низ музејските поставки, тактилни предмети-експонати и пристапни рампи за лицата со попреченост на сите влезови на Кривопаланечкиот музеј се она што оваа локалана установа ја прави единствена од ваков вид во Македонија со толкав опфат на инклузивни содржини во превентирањето на поставките и културното наследство.

драган величковски директор музеј паланка

 -ЛУ Градски музеј, Крива Паланка е дел од Балканската мрежа на инклузивни музеи-музеи без бариери благодарение на проектот кој го имплементиравме неодамна, насловен „Слушај и учи“, со кој се поставени модерни електорнски уреди со инсталиран аудио водич на шест јазици. Со овој проект кој го изготвивме со волонтерот на Мировен Корпус на САД во Македонија, Кајл Бутчер, беше создадена првата аудио тура, единствена од ваков вид во државата. Има музеи кои имаат аудио книги, останати содржини, но, нашата аудио тура води низ сите поставки: етнолошка, археолошка и историска, а и самиот водич е инклузивен, опфаќајќи ги јазиците на заедниците: ромски, албански, англиски, француски, турски и македонски јазик, изјави Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.

аудио слушалки

Со шесте јазици кои се инсталирани во аудио-водичот, овозможена е достапност на поставките, на кулутрното наследство до сите посетители, и за заедниците во Македонија, и за странските туристи.

– Покрај аудитивниот дел, во поставките се интегрирани и девет тактилни предмети со Браево писмо, за лицата со оштетен вид, а истовремено, градскиот музеј работи на надополнување на проектот, со поддршка од општина Крива Паланка и Министерство за култура, со создавање услови за современа визуелна и видео-презентација на која во иднина ќе биде презентиран видео-водич за лицата со оштетен слух, со насочници со знаковен јазик, додава Величковски.

музеј монитори

Во музејот веќе се поставени 30 монитори на кои се презентира културното наследство, а според одговорните, ваквиот стил на опремување на мувеите и нивна модернивација со визуелизација се работи по примерот на останати Балкански музеи, како мувејот од Зајечар и Књажевац, Република Србија, музеи-лидери во инклузивност на Балканот.

– По конференцијата согледавме дека на тој начин ќе ја заокружиме, комплетираме целокупната понуда на институцијата како музеј без бариери за лицата со попреченост. Со „Слушај и учи“ беа набавени и поставени пристапни рампи на влезовите на музејот, на двата ката, па во секоја смисла на зборот установата е пристапна и достапна за сите, нагалси Величковски.

Ефектите од проектот „Listen and learn“, покрај целосна инклузивност,  се подалекусежни и сеопфатни, бидејќи според Кајл Бутчер, кој го изработи проектот и го имплентираше со средства од Мировен Корпус, истиот ќе придонесе и за создавање можности за учење и развој на капацитетите на псоетителите.

волонтер паланка

– Со овој проект создадовме дополнителни можности за учење за младите од Крива Паланка и пошироко, бидејќи при посета на музејот преку аудио-водичот ќе научат нови јазици или ќе ги усовршат јазиците кои ги учат, ќе ги зајакнат нивните потенцијали и капацитети, ќе ја усовршат примената на модерни технологии и ќе наушат многу повеќе за историјата и кулутрата, етнографијата и традицијата на Крива Паланка. Ми беше чест да работам со исклучително посветениот тим вработени во музејот, кои и надвор од работното време посветија вниамние, напори, труд и енергија за целата идеја да биде комплетно воспоставена во пракса, да се изработат сите неопходни предвидени елементи, за се да биде така добро, како што е, според посетителите кои веќе имаа можност да го погледнат и применат воведениот систем, изјави Бутчер.

музеј тура

Промоцијата на аудио-водичот наиде на одличен прием кај сите посетители кои имаа можност да го применат и да минат една поинаква тура низ музејот, а меѓу нив се вброија: претставници од локалната власт, градоначалници, дел од дипломатскиот кор во земјава, амбасадарот на САД во РМ, Џес Бејли, постојаната претставничка на ОН во Македонија, Лујза Винтон,  лица со попреченост од градот, корисниците од Дневнито центар во Крива Паланка, лица со оштетен вид, останати гости. Сите едногласно го поздравија проектот, отвореноста на надлежните во музејската дејност во оваа установа, посветеноста на работата и несебичното залагање за достојна промоција на градот.

– Аудио-турата е финализација на превентацијата на поставките до сите посетители, за да можат да бидат претставени комплетно сите изложени предмети, подеднакво значајни за културно-историското наследство на градот, заврши Величковски.

мујзеј паланка

Музејот е основан во 2011 година, кога се отворени и пуштени во употреба првите поставки, етнолошката и историската. Тековно, се изврши реконструкција на истите, во 2017 и на почетокот на оваа година, а во завршна фаза е нивната реконцепција, по што поставките со ново руво и нов лик ќе бидат повторно огледало на времето што ја пртствува срж’та на битисувањето во Крива Паланка и Кривопаланечко од основањето на градот, во 1634 година до денес.

Ирена Димитровска за МИА

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ