МВР демантира дека го сомничи јавниот обвинител Љупчо Коцевски дека ја компромитирал акцијата за приведување седуммина полицајци, кои се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби.
Министерството за внатрешни работи во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на јавното обвинителство, вели за ЦИВИЛ Медиа, портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.
Акцијата за приведување на нови седум полициски службеници кои се осомничени во предметот за дискотеката „Пулс“ која одзеде 61 живот, не била компромитирана, велат од МВР, откако вчера, јавниот обвинител Љупчо Коцевски во гостување на Телма објави дека во моментот е издадена наредбата за постапување.
Д.М.