• Latest

МВР има 400 меѓународни потраги, меѓу кои се и Никола Груевски и „Аце Циганот“

July 27, 2023
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

МВР има 400 меѓународни потраги, меѓу кои се и Никола Груевски и „Аце Циганот“

July 27, 2023 09:52
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сините“ униформи трагаат по 400 сторители на кривични дела кои успеале да избегнат соочување со правдата. 90% од сторителите на кривично дело се мажи, додека 10% се жени. Министерството за внатрешни работи со меѓународни потерници трага по 103 сторители, додека повеќе од половина од нив, 57, се распишани во последните пет години.

„Се бараат околу 400 лица со меѓународна потрага. Најчесто се гонат за тешки кражби, кражби, помалку за разбојништва, насилство, измами, фалсификување, убиство и многу мал процент за обљуба – околу 5%. Мажи се околу 90%, додека жени околу 10%. Има неколку потерници од 2000 год за кривични дела, „Убиство“, Недозволена трговија со оружје и недозволена трговија со дрога“, велат од МВР за „Фронтлајн“.

Во скопскиот кривичен суд, како што дознава Фронтлајн, во моментов се активни 368 потерници, за лица кои треба да одлежат затворска казна или за оние кои треба да се јавуваат на дневнма основа, бидејќи се условно пуштени.

Според статистиката на МВР, над 90 отсто од бараните со меѓународна потерница имаат македонско државјанство, додека 10 отсто имаат странско државјанство.

Меѓу бараните повеќе од 25 години е и Ацо Боцевки познат како „Аце Циганот“ од Скопје. Прекарот „Аце Циганот“ го добил по насилна интервенција во дискотеката „Хард рок“ во Скопје, додека полицијата го бара по меѓународна потерница за убиството на бизнисменот Сеад Ибрахими од Драчево – Скопје. На убиството му претходела неколкуминутна бркотница со автомобил низ скопските улици. Автомобилот „мерцедес“ со кој управувал Ибрахим излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Kjуби“, додека зад него бил „Аце Циганот“ кој пукал во Ибрахим. Боцевски на 30 јуни 1998 година беше осуден на 15 години затвор, а по затворањето – мистериозно беше ослободен и успеа да ја напушти државата. Доколку Ацо Боцевки не може да биде изведен пред лицето на правдата во следните пет години, предметот за кој е обвинет ќе застари.

Меѓународна потерница е распишана и по поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, кој е обвинет од Специјалното јавно обвинителство за тешки кривични дела за големи финансиски злоупотреби и злоупотреба на службената положба. Тој успеал на „шверцерски“ начин да ја напушти земјата и да се засолни во Унгарија, земја каде што добил статус на азил.

Недостапни за органите на правдата се и двајцата поранешни високи функционери на тајната полиција. Тие се обвинети дека ја уништиле опремата со која незаконски биле прислушувани илјадници функционери, бизнисмени и граѓани на земјава, Никола Бошковски и Горан Грујевски, кои побегнале во Грција.

Со меѓународна потерница се бара и Неше Рамизи 39-годишната родена во Гилане – Косово, а живее во Скопје. Таа се бара со наредба за сторено кривично дело по чл.394, чл.353 и чл.273 од Кривичниот Законик на Севрна Македонија за издржување на казна затвор во траење од 7 години. Таа е обвинета за сторено кривично дело „золсторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Косовските власти пред три години одбија да ги екстрадираат двајцата обвинети во случајот „Монстра“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк

Tags: МВРпотерници
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ