Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600 полицајци во секторите за внатрешни работи во Скопје, Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Велес, Штип и Куманово и за Регионалните центри за гранични работи Север, Запад, Југ и Исток.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општите услови: да се државјани на Република Северна Македонија, полнолетни, да немаат полни 25 години ако за првпат бараат работа однос на работно место во Министерството. Кандидатите е доволно да имаат завршено средно образование, активно да го користат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и да бидат здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.












