Министерството за внатрешни работи на Косово ги демантираше информациите во медиумите дека српските демонстранти на северот на Косово и мисијата на НАТО, КФОР, постигнале договор за повлекување на специјалните единици на косовската полиција од Звечан, како и за ослободување на демонстрантите уапсени пред некој ден, пренесува косовската РТВ 21.
Портпаролката на Министерството, Нора Фетоши, во одговор за РТВ 21, рече дека таков договор нема и оти единиците на косовската полиција и понатаму ќе останат на врвот на задачата за обезбедување безбедност на северот од земјата.