• Latest

МВР незаконски го вработило инспекторот шверцер на фалсификувани монети во Косово

August 29, 2024
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МВР незаконски го вработило инспекторот шверцер на фалсификувани монети во Косово

August 29, 2024 09:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Полицискиот инспектор од Ресен што беше приведен во Косово за шверцување на фалсификувани монети од по 2 евра, бил вработен во МВР без безбедносен сертификат, односно надвор од законските процедури.

Како што објави „Радио Слободна Европа“, македонскиот полицаец фатен во Косово за шверц на лажни евро монети, не само што го „украл “ занаетот за фалсификување на пари од тие што требало да ги гони, туку и станал инспектор во МВР без безбедносен сертификат, дознава РСЕ. Од МВР велат дека Внатрешна контрола отворила предмет за неговото вработување.

Полицискиот инспектор кој беше фатен како шверцувал лажни монети во Косово незаконски бил вработен во македонската полиција, дознава Радио Слободна Европа од два независни извори. Тој не ги поминал основните безбедносни проверки на Агенцијата за национална безбедност.

34 годишниот ресенчанец е во притвор во Косово поради сомневање дека изработил околу 2 милиони лажни монети од по 2 евра, кои требало да бидат пуштени во оптек во косовската економија. Македонскиот полицаец работел како инспектор без при тоа да поседува безбедносен сертификат.

Од македонското Министерство за внатрешни работи велат дека Одделот за внатрешна контрола отворила предмет за неговото вработување.

„Во тек се проверки по наводи во поднесеното барање и други наводи од надлежност на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, се вели во кусиот одговор од МВР за Радио Слободна Европа.

Оттаму останаа неодговорени прашањата како и кога бил вработен без сертификат и кој го одобрил неговото вработување и унапредување во инспектор без да ги помине безбедносните проверки на Агенцијата за национална безбедност.

Според законот за полиција, полициски службеник може да биде само оној за кој со безбедносна проверка е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на лицето.

„Тоа значи дека тој што го поставил и го примил направил кривично дело, злоупотреба на службената положба од аспект на тоа што имал овластување да му даде унапредување и да го прими на работа“, вели професорот професорот од областа на безбедносни науки, Стефан Буџаковски за Радио Слободна Европа.

Буџаковски објаснува дека овие основни правила важат и за полицајци во униформа, но и за полициски инспектори и раководни служби во безбедносниот систем. Тоа значи дека уште при вработување, Агенцијата за национална безбедност прави проверка за кандидатот за полициски службеник во полициската евиденција, но и проверки на терен за тоа дали е подобен да презема оперативни мерки во сузбивањето на криминалитетот.

„Тоа значи дека лицето уште кога ќе се прими на работа мора да поседува безбедносен сертификат. Доколку во текот на работењето го изгуби правото на поседување на безбедносен сертификат, доколку тоа му е одземено од други причини тој треба да биде тргнат од работното место кое носи овластување, односно полициски службеник“, вели тој.

Според него, кривично треба да одговара тој што потпишал согласност за напредување во полициски службеник – инспектор без да има безбедносен сертификат.

Косовската и македонската истрага и натаму во тек

По приведување на македонскиот инспектор на 4 август во Косово, косовското и македонското обвинителство продолжија со потрагата по неговите соучесници. Во оваа меѓународна истрага се вклучени Европол и Европравда.

„Истрагите сега ќе бараат да се утврди целосниот обем на фалсификување монети,“ беше наведено во соопштението на Еуроправда.

Полицаецот е осомничен дека во неколку наврати внесол и пуштал во оптек по илјадници фалсификувани монети во вредност од по две евра. Извори од истрагата за Радио Слободна Европа тогаш изјавија дека тој бил дел од мрежата на фалсификатори, но не и „мозокот“ на операцијата.

Соучесниците на осомничениот полициски инспектор сè уште на слобода

Според Буџаковски, осомничениот полициски инспектор не можел да делува сам, затоа што самата природа на кривично дело фалсификување на монети вклучува и одредена организирана група во активностите што создава сомнеж дека зад него можеби стоеле повисоки полициски а можеби и политички службеници.

„Конкретно криминалната структура за ваков тип на кривични дела не познава дека само еден дека ова ќе го организира, туку, во самата природа на постапката, може да се вклучени повисоки полициски и царински службеници, затоа што ова одело преку граница, не е едноставно“, вели Буџаковски за РСЕ.

Во истрагата која се водела против него учествувале и негови колеги од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, покажува соопштението од Основното јавно обвинителство. Дел од повеќемесечната истрага биле разузнавачи, истражители и обвинители од Косово и Северна Македонија, со помош на Европол и Европравда.

Фалсификуваните пари со мотиви од пет земји на ЕУ

Фалсификуваните пари се правеле на две преси во подрум во Скопје. Полицијата заплени и две торби со монети, една со веќе произведени фалсификувани монети, и една со „бланко“ парички кои чекале да бидат ставени на преса. Фалсификаторите користеле шест различни метални печати за изработка на фалсификуваните монети.

Според објавените фотографии, фалсификаторот користел пет различни мотиви за националната страна на лажните парички, со што лажно прикажувал дека парите наводно доаѓаат од Франција, Италија, Хрватска, Финска и Португалија. Последниот метален шаблон бил со печат од заедничката страна на паричката, каде што е означена вредноста од 2 евра.

Во заедничкото соопштение на македонското и косовското обвинителство се открива дека од минатата година до сега во Косово се влеале стотици илјади фалсификувани евромонети „направени “ во Северна Македонија.

Но, последното соопштение од Косовската централна банка укажува дека проблемот со фалсификуваните пари е поголем. Централната косовска банка во изминатава година и пол повлекла од оптек околу 2,5 милиони парчиња ковани пари со апоени од 2 евра. Проверката покажала дека дел од нив се фалсификувани.

„Околу 54.000 монети во апоени од 2 евра се откриени и спречени да влезат во финансискиот систем, повлекувајќи ги од оптек како сомнителни фалсификати, “ пишува во соопштението на Косовската централна банка.

И други македонски државјани осомничени за фалц евра

Но, ова не е прв случај во кој се приведени македонски државјанин во Косово под сомнение за пуштање во промет фалсификувани евро монети. Минатата година во декември, Специјалното Косовско обвинителство соопшти дека биле приведени тројца македонски и тројца косовски државјани кои беа фатени со 85 илјади евра фалсификувани пари во кованици од по две евра.

Тие беа приведени лани на 28 ноември, и тогаш Косовското обвинителство истакна дека во акцијата пронашле вкупно 42.505 парчиња метални монети во апоени од 2 евра.

„Осомничените ги ставиле монетите во разни кеси, камуфлирајќи ги за да личат на товари обична стока и ги ставиле во автомобили, а потоа на 28 ноември годинава ги донеле во Косово, “беше наведено во тогашното соопштение на косовското обвинителство.

Во него беше посочено дека осомничените тројца македонски државјани се сретнале со тројцата осомничени косовски државјани во село во близина на Урошевац со цел заедно да го продолжат патот до Приштина.

Косово не е дел од еврозоната, туку го користи еврото. Помеѓу другите држави во регионот, и во Црна Гора која не е дел од еврозоната се користи како платежно средство еврото. Со овој проблем се соочува и Хрватска која од лани во јануари влезе во еврозоната и како единствена валута го користи еврото.

Исплатлива вредност на фалсификувана пара што поминува „под радарот“
За криминалците, ова е исплатлив бизнис, затоа што ретко кој трговец или пак човек кој плаќа проверува и може едноставно да утврди дали монетите се вистински или фалсификувани. Оригиналните монети од еден, два и пет центи се направени од бакар обложени со челик и тие се многу магнетни. Додека надворешниот прстен на вистинските монети од 1 и 2 евра, како и оригиналните монети од 10, 20 и 50 центи, не е магнетен, велат експертите од Германската централна банка.

Исплатливоста е во тоа што „под радарот “, овие кованици лесно поминуваат поради нивната мала економска вредност, на која во секојдневната трговија ретко кој обврнува вимание дали е оригинал или фалсификат, како што е случај со хартиените банкноти кои имаат поголема вредност.

Tags: МВРнезаконско вработувањеПолициски инспекторшверц
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ