• Latest

МВР поднесе кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу, тој повикува меѓународните организации да го следат развојот на ситуацијата

April 11, 2024
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МВР поднесе кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу, тој повикува меѓународните организации да го следат развојот на ситуацијата

April 11, 2024 23:17
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи денeска поднесе кривична пријава против новинарот и уредник на ПорталХ Фуркан Салиу. Салиу и уште едно лице се осомничени за спречување службено лице во вршење службено дејствие.

-Ве известуваме дека по целосно документирање на настанот за кој прашувате, на 11.04.2024 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје до ОЈО Скопје против лицата Н.Ј. и Ф.С. поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие” по член 382 од КЗ, потврдија за МИА од МВР.

Новинарот Салиу на неговиот фејсбук профил објави дека бил информиран за кривичната пријава.

-Само што нè информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382. Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште. Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозмоена одреден период, вели Салиу кој воедно ги повикува релевантните институции и меѓународните организации да го следат развојот на ситуацијата.

„Тошковски, зарем вака сакате да бидете запаметени? Покажавте човечност на последната конференција за медиуми и си реков овој навистина немал поима што се случува во Коњаре, но последните ваши постапки навистина ме тераат да размислам два пати. Од ова вие направивте личен конфликт. Ова веќе е помеѓу Фуркан Салиу и Панче Тошковски само што вие имате цел еден државен апарат во рака а јас само еден микрофон.

Вие имате цела партиска структура која што е зад вас во борба против екипа од 5 млади дечки. Но ние имаме само една мала предност… Вистината и народот“, објави Салиу на Фејсбук

Салиу заедно со уште две лица беше брутално уапсен на 7 април за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре“ и ФК „Куманово“ во Средно Коњаре дека нападнал припадници на Единицата за брзо распоредување додека интревенирале пред крајот на натпреварот да дојде до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. МВР тогаш објави и дека при претрес на возилото на новинарот, кое во тој момент било управувано од друго лице, бил пронајден пиштол.

По разговорот во полициската станица Гази Баба, Салиу истата вечер беше пуштен на слобода.

Претходно, на трети април, новинарот Фуркан Салиу приложи документ за план на ВМРО-ДПМНЕ за креирање лажни вести и наместени ТВ емисии.

„Во пресрет на претседателските и парламентарните избори оваа пролет, ВМРО ДПМНЕ ги запали своите пропагандни мотори. Се чини дека шемата е слична на она што сме навикнати да ја гледаме, а и јавниот сервис МРТВ е дел од неа“, пишува ПорталХ.

ПорталиХ наведува дека го поседува документот подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ, потпишан од Луке Галевски, Марија Андоновска, Ивица Грамбозов и Зоран Ставревски.

Новинарот Фуркан Салиу објави видео во кое приложи документ, како што наведува, од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предизборната пропагандистичката машинерија на Груевски во рацете на Мицкоски. ПорталиХ дојде до изборниот оперативниот план на ВмроДпмне“, пишува во најавата на видеото објавено на Фејсбук на ПорталХ.

Првиот дел како што се наведува е насловен: Македонската радиотелевизија во служба на партијата.

Според Салиу, за помалку од два месеци од Оперативниот план, оваа „точка“ на Републичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се реализирала токму на Јавниот сервис МРТВ преку емисијата „Објектив“.

„Планот предвидува дека дел од емисијата ќе бидат 3 опозициски аналитичари и еден поддржувач на власта. Во него се објавуваат анкети од Институтот ИПИС на Владимир Божиновски, додека планот предвидува Божиновски да биде „награден“ од општините со кои раководи ВМРО ДПМНЕ“, пишува ПортаХ.

ВМРО-ДПМНЕ ги негираше обвинувањата.

Ј. Ѓ.

 

Tags: кривична пријаваМВРФуркан Салиу
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ