„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против В.Ч. (51) за објавена содржина на социјалната мрежа Фејсбук со која повикува на насилство односно сторено кривично дело по член 144 ст.4 Загрозување на сигурност и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од КЗ на РСМ. В.Ч. на 31.07.2019 беше повикан во ПС Чаир и од него е одземен мобилен телефон. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи“, соопштува Министерството за внатрешни работи.
Со овие иницијали е и заканувачот Васил Чулов кој на Фејсбук, во пресрет на Илинден побара куршум во чело за премиерот Зоран Заев.
Од Министерството за внатрешни работи претходно потврдија дека една закана на социјалните мрежи е идентификувана и процесирана и е поднесена кривична пријава против В. З. за истото сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, кој преку Фејсбук, исто така, му се закани на премиерот со куршум.
Б. Ј.