Министерството за внатрешни работи трага по сторителите кои го запалија бугарското знаме и го објавија синоќа на Фејсбук страницата „ВМРО YМС Гази Баба“ со коментар: „одговор на заедничката историја“. Во позадина на објавениот видео материјал се слуша и химната на ВМРО-ДПМНЕ. Линк до видеото.
„Секторот за Компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе постапува по овој пред предмет и превзема мерки и активности за расчистување“, велат за ЦИВИЛ Медиа од МВР.
Во меѓувреме Фејсбук страницата „ВМРО YМС Гази Баба“ е преименувана во „ВМРО УМС Гази Баба“.
Д. Муратов