• Latest

МЗ: Лицата со кардиолошки заболувања со зголемен ризик, следењето на препораките од кардиолозите клучни во заштитата

April 8, 2020
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МЗ: Лицата со кардиолошки заболувања со зголемен ризик, следењето на препораките од кардиолозите клучни во заштитата

April 8, 2020 12:20
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство денеска објави препораки од кардиолозите, кои сметаат дека срцевите заболувања го зголемуваат ризикот при пандемија на КОВИД 19 и оти навремените информации и препораките се силно оружје за срцевите болни, кои треба да се запознаени дека имаат зголемен ризик за да можат да се заштитат и да го намалат тој ризик од инфекција на дишните патишта со новиот коронавирус.

Од тоа што досега се знае, се вели во соопштението од Министерството за здравство, поголемиот број инфицирани, односно кај 80 проценти, инфекцијата ќе помине како лесно заболување со лекување во домашни услови. Кај останатите 20-тина проценти ќе биде неоходно хоспитализирање поради пневмонија и кај два до пет проценти ќе биде потребно интензивно лекување и асистирана вентилација.

Во практични кардиолошки препораки се советува дека доколку кардиолошки болен се сомнева дека е заболен и ги има следните симптоми: покачена телесна температура, кашлање, тешко дишење, главоболка или болка во грлото, општа премаленост, потребно е телефонски да се јави кај својот матичен лекар, притоа да ги наведе сите досегашни кардиоваскуларни дијагнози, лекувања и престој во кардиолошка болница, да ги наведе сите лекови кои ги користи, за да овозможи подобра проценка од матичниот лекар за натамошно постапување. Потребно е препораката од матичниот лекар да се почитува во целост.

– Доколку кардиолошки болен има симптоми од типот на силна остра градна болка, која трае повеќе од пет минути и не се смирува со земање на досегашните лекови, потребно е веднаш да се консултира со матичниот лекар кој ќе го упати како понатаму да постапи. Повеќето пациенти нема да имаат тешка клиничка слика, дури и да имаат КОВИД 19, но редовното користење на лековите и запознавањето на медицинскиот персонал, кој се грижи за болниот со досегашните лекови е од исклучителна важност, се вели во препораките.

Секој пациент кој се лекува поради покачен крвен притисок, според препораките на кардиолозите, потребно е да го следи притисокот со самомерење и запишување на измерената вредност, и по телефон да се консултира со својот матичен лекар, доколку притисокот надминува 150/100 и да се зголеми дозата од лековите, кои дотогаш редовно се користеле, а доколку и покрај тоа притисокот не се регулира да се консултира за преглед во ординација.

Стресот и стравот од неизвесноста во овие вондредни услови, како и постоењето штетни навики можат да влијаат врз крвниот притисок, сметаат кардиолозите. Во некои случаи, добар човечки и лекарски совет за здрава храна и здрави навики, можат да смират дел од вознемиреноста и да ја ублажат состојбата во која сите се наоѓаме.

– Пациентите кои имаат долготрајна, хронична терапија заради ангина пекторис или корорнарна артериска болест, треба да продолжат со земање на лековите, без разлика дали имаат сиптоми на инфекција или не. Повеќето пациенти нема да имаат тешка клиничка слика дури и да имаат КОВИД 19, но неопходно е редовното користење на лековите и давање точна и детална информација на медицинскиот персонал за досегашната терапија. Земањето на лековите и почитувањето на досегашните препораки од лекарот можат да го намалат ризикот од комппликации при оваа стресна вонредна состојба, како и ризикот од белодробна инфекција. Кај пациентите каде е направена реваскуларизација, на пример, доколку имаат стент или бај пас постои ризик од компликации при вирусна инфекција на дишните патишта. Стентирањето или бај пасот значително го намалува тој ризик, доколку пациентот дотогаш се чувствувал добро. Важно е редовно земање на лековите и да ги запознае лекарите кои се грижат за него со дотогашните состојби, се вели во соопштението од МЗ во кое се пренесуваат препораките од кардиолозите.

Во нив се вели дека терапијата со статини кај кардиоваскуларните болни е неоходно да се продолжи во препорачаната доза за да се спречи и стабилизира коронарната и васкуларната болест. Постојат докази дека земањето статини ги намалува ризиците за кардиоваскуларни компликации поврзани со КОВИД 19 кај срцеви болни кај кои се развила вирусната инфекција. Статините делуваат имуностабилизирачки и го стабилизираат внатрешниот слој на крвните садови, а поради тоа влијаат врз превенција на кардиоваскуларните настани.

Кардиолозите препорачуваат да се одложи секој претходно закажан преглед за коронарен стрес-тест, ехо на срцето, холтер, коронарографија, техничка контрола на импантиран пејс-мејкер или друга направа, поради заштита на пациентите и спречување на ширење на инфекцијата со коронавирусот. Потребно е да се одложи секој тест или процедура или консултација што нема директно да влијае врз кардиолошката состојба.

Не се препорачува хоспитално лекување и коронарографија кај пациенти без акутно срцево страдање со кардио-ризик, кој го надминува ризикот од инфекција во време на пандемија.

Пациентите кои имаат силни потешкотии и градни болки, како и силно срцево чукање, потребно е да се јават со досегашните ЕКГ и резултати од тестови и со досегашните медицински документи за консултација кај својот матичен лекар, со цел да се процени неопходноста од натамошно постапување.

Секој кардио-пациент треба да дојде со маска, со најмногу еден роднина во придружба, кој исто така треба да носи маска. Заштитната хируршка маска на лицето спречува и ја штити околината на пациентите дојдени на преглед од ширење на евентуална инфекција. Носењето на вашата маска при преглед, го заштитува медицинскиот персонал кој треба да ви помогне за вашата срцева мака. Носењето заштитна маска при преглед е во насока на препораките на Светската здравствена организација.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ