• Latest

МЖСПП: Заврши COP29 со фокус на климатските финансии, Северна Македонија се заложи за глобално складирање на енергија и зелени енергетски зони и коридори

November 26, 2024

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МЖСПП: Заврши COP29 со фокус на климатските финансии, Северна Македонија се заложи за глобално складирање на енергија и зелени енергетски зони и коридори

November 26, 2024 12:09
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Баку, Азербеиџан, во периодот од 11-22 ноември се одржа 29-от состанок на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, 19-от состанок на страните на Протоколот од Кјото и 6-от состанок на страните на Договорот од Париз, заедно со 61-от состанок на помошните советодавни тела за наука и техника и за спроведување, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

На конференцијата, Република Северна Македонија беше претставена со делегација предводена од претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова во чиј состав учествуваше првиот заменик на претседателот на Владата и  министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Конференцијата на ОН за климатски промени (COP29) заврши со нова финансиска цел да им помогне на земјите да ги заштитат своите луѓе и економии од климатски катастрофи и да ги споделат огромните придобивки од внесот на чистата енергија.

Со централен фокус на финансирањето за климата, COP29 обедини речиси 200 земји во Баку, Азербејџан и постигна договор што ќе овозможи:

·  Тројно финансирање на земјите во развој, од претходната цел од 100 милијарди американски долари годишно, до 300 милијарди долари годишно до 2035 година.

·  Сигурни напори на сите актери да работат заедно за зголемување на финансиите во земјите во развој, од јавни и приватни извори, до износ од 1,3 трилиони американски долари годишно до 2035 година.

Формално позната како Нова колективна квантифицирана цел за климатски финансии (NCQG), беше договорена по две недели интензивни преговори и неколку години подготвителна работа, во процес кој бара сите нации едногласно да се согласат за секој збор од договорот.

Оваа нова финансиска цел е осигурителна полиса за човештвото, во услови на влошување на климатските влијанија што ја погодуваат секоја земја“, рече Сајмон Стил, извршен секретар на ОН за климатски промени, додавајќи дека навреме мора да се држат ветувањата, за да се заштитат милијарди животи.Тоа ќе го одржи растечкиот бум на чистата енергија, помагајќи им на сите земји да ги споделат нејзините огромни придобивки: повеќе работни места, посилен раст, поевтина и почиста енергија за сите. Меѓународната агенција за енергија очекува глобалните инвестиции за чиста енергија да надминат 2 трилиони американски долари за прв пат во 2024 година.

Новата финансиска цел на COP29 се надоврзува на претходно постигнатите чекори на глобалната климатска акција на COP27, која договори историски фонд за загуби и штети и COP28, која донесе глобален договор за транзиција од сите фосилни горива во енергетските системи брзо и правично, тројно обновливи извори на енергија и зајакнување на отпорноста на климата.

COP29, исто така, постигна договор за пазарите на јаглерод – што неколку претходни COP-ови не беа во можност да го постигнат. Овие договори ќе им помогнат на земјите да ги испорачаат своите климатски планови побрзо и поевтино, и да постигнат побрз напредок во преполовувањето на глобалните емисии оваа деценија, како што бара науката.

Постигнати се и важни договори за транспарентно известување за климата и адаптација.  

Република Северна Македонија се придружи кон следниве декларации:

• COP29 Заложба за глобално складирање на енергија и мрежи (COP29 Global Energy Storage and Grids Pledge)

• COP29 Заложба за зелени енергетски зони и коридори (COP29 Green Energy Zones and Corridors Pledge)

• COP29 Декларација за засилена акција во туризмот (COP29 Declaration on Enhanced Action in Tourism)

• COP29 Декларација за вода за климатски активности (COP29 Declaration on Water for Climate Action) , соопштија од МЖСПП.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ