• Latest

МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна

June 30, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна

June 30, 2022 13:01
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поставување на основата за подготовка на интегрирана Национална стратегија за обезбеденост со храна во Северна Македонија ќе биде во фокусот на нов проект на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), информираат од МЗШВ.

Проектот беше промовиран денеска преку настан во Скопје, организиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ФАО во партнерство со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

Во своето поздравно обраќање, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакна дека во ова време на глобални промени, од суштинско значење е да се обезбеди пристап до безбеден, стабилен и прифатлив извор на храна за сите, и дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе даде целосна поддршка во процесот на развој на Националната стратегија за обезбеденост на храната.

Министерот Николовски се надоврза и на минатонеделната министерска конференција во Берлин, на која беше испратена порака дека земјоделците, но и сите граѓани, треба да се прилагодиме на новите промени и да се обединиме во изнаоѓање на нови можности за полесно надминување на кризата со храна.

‘’Соочувајќи се со предизвиците од пандемијата Ковид-19 и војната во Украина за домашната обезбеденост со храна, ние како министерство и  Владата ја препознавме важноста на Национална стратегија за обезбеденост на храна, како патоказ за утврдување на националните приоритети за подобрување на домашното земјоделско производство, а со тоа и достапноста на храна и можноста секој да си овозможи здрава исхрана. Ваквата стратегија може да ни помогне да го направиме нашиот прехранбен систем поиздржлив и отпорен на идни вакви кризи, кои можат да ја загрозат националната обезбеденост со храна’’ – рече министерот Николовски.

Иницијативата за изготвување на ваков документ, започна пред една година кога денешната светска криза воопшто не беше на повидок, а еве денска веќе имаме официјален почеток на проект со јасно дефинирани цели и резултати кои треба да ги постигнеме.

Генерално, проектот има за цел да го реши идентификуваниот недостаток на стратешка рамка за обезбеденост со храна во Северна Македонија преку поддршка на Владата да ги подготви релевантните документи, студии и анализи потребни за развој на првата Национална стратегија за обезбеденост со храна во државата. Проектот е дел од Регионалната иницијатива на ФАО за трансформација на системите за храна и олеснување на пристапот до и интеграцијата на пазарите, и се очекува да биде завршен до средината на 2023 година.

„Целта на оваа Стратегија е да се зголеми земјоделското производство за да можеме со помали трошоци за производство да ги задоволиме домашните потреби. Друга цел ни е да се подигне квалитетот на македонските производи, овозможувајќи препознатливост и конкурентност на нашите производи, создавање на услови за одржливо производство кое води грижа за животната средина, задоволување на потребите на граѓаните во услови на било каква криза и промовирање на здрави навики во исхраната со посебен акцент на жените и младите“ потенцираше мнистерот Николовски.

Системите за снабдување со храна, домашни и меѓународни, се нарушени и продолжуваат да влијаат на глобалните цени на житото, ѓубривата и енергијата. Меѓународните цени на храната постојано растат, зголемувајќи го и онака тешкиот товар врз глобалната обезбеденост со храна. Покрај тоа, растечката фреквенција и интензитетот на екстремните климатски настани продолжуваат да бидат главна пречка во системите на снабдување и проблем во обезбеденоста со храна.

Поконкретно, во тесна соработка со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, преку консултативен и партиципативен процес, ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат на собирање на потребни национални податоци за обезбеденост со храна и здрава исхрана, како и на детална анализа на релевантните национални политики, кои ќе послужат како основа за нацрт на идната Стратегија за обезбеденост со храна.

Дополнително, ќе се спроведе институционална анкета за да се подготви предлог за воспоставување на постојан меѓу-институционален национален координативен механизам како главно државно тело во кое ќе бидат вклучени сите засегнати министерства и државни агенции кои ќе бидат одговорни за стратешкиот надзор на спроведување на националната стратегија, закони, политики и програми поврзани со обезбеденост на храната.

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ