• Latest

Не знам како ја преживеав 2016!

January 5, 2017
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не знам како ја преживеав 2016!

January 5, 2017 19:20
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

2016-та? Искрено, не помнам таква година. Или, подобро да кажам, не сакам да ја помнам. Не за друго, туку не знам како ја преживеав… Зошто? Едноставно, затоа што немаше поле на кое „таа” (не сакам ни да ја споменам)  не беше неиздржлива. Особено во Битола. Градот, последнава година е осакатен во секоја смисла. Единствена локација која се проширува се градските гробишта!

dushko-gruevski
Пишува: Душко Груевски

Воздухот – катастрофално токсичен, полн со бензоалфапирен и останати токсични материи!  Последица? Илјадници заболени од респираторни болести и десетици прерано починати граѓани, како последица на загадувањето. Градот? Најзапуштен од кога и да било досега. Речиси секое училиште со блокирани сметки, дел од расходите ги подмируваат децата, т.е. нивните родители.

Спортот во Битола, чиниш ќе тргне напред, и пак, ништо. Ниту стадионт е во нормална функција, ниту има нормални услови за тренинг, ниту спортската сала личи на нешто. (Прокиснува, а внатре е смрзнувачка). Локалната власт си игра дрн-дупка со потребите на граѓаните.

Се трудам да најдам смисла за фактот дека градот Битола подолго од три години нема полигон за полагање возачки испит. Оваа година поднесовме неколку барања за одговор на истото прашање. Одговор нема! Кренати раменици, како и за сé досега. Конзулскиот град,  во кој се возеле автомобили  уште во почетокот на 20-тиот век, градот кој ја видел првата филмска камера на Балканот. Градот кој бил посетен од Султанот, од претседатели на држави и голем број на конзули и видни личности, сега станува дувло на пајаците, вселени во напуштените куќи и станови.

Градот особено во последнава година е осакатен во секоја смисла. Единствена локација која се проширува се градските гробишта!

Повремено се полнат автобуската и железничката станица, со млади луѓе кои не свртувајќи се, го напуштаат градот. Оваа 2016-та, избрка многу млади луѓе. Ќе ја помниме како година на егзодусот.

И повторно си го поставувам прашањето: како ја преживеав 2016?

Мислам дека подобар термин за оваа година е – ја надживеав. Ја победив. И се спротивставив и се изборив со неа. Има еден куп описни термини, ама ниту еден во целост нема да ја опише, затоа што оваа 2016, беше година на Ѓаволот, на Натемаго. Граѓаните на Битола толку се замразија едни со други, што не знам дали ќе постои начин повторно да се обединат. Оти, 2016-та беше најразединувачката во мојот живот.

Затоа, единствено што можам да го речам е било што било. Никогаш да не се повтори! Никогаш!

 

(Авторот е свештеник и граѓански активист од Битола)

Tags: Битола - осакатен градгодина на ѓаволотгодина на егзодусотиселувањекатастрофална загаденостразединување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ