На 24 декември ЦИВИЛ потсетува на 24-иот член од Универзалната декларација за човекови права: Секој има право на одмор и разонода, вклучувајки го и разумното ограничување на работното време и повремените платени одмори.
Човековите права и слободи претставуваат основни критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество, и се најасниот показател за карактерот на власта.
Колку се понапредни тие, толку повеќе ја стеснуваат можноста на власта за злоупотреби и арбитрарност кон правата и слободите на човекот.
Универзалната декларација за човекови права е донесена од Генералното собрание на Обединетите нации, на 10 декември во 1948 година.
ЦИВИЛ го означи декември како месец на човековите права и секојдневно потсетуваме на сите членови од Универзалната декларација за човекови права.