• Latest

На 8 декември потсетуваме: Човековите права се заштитени со Уставот и законите!

December 8, 2018

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На 8 декември потсетуваме: Човековите права се заштитени со Уставот и законите!

December 8, 2018 21:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЦИВИЛ ФЕСТ
Share on FacebookShare on Twitter

Член 8 од Универзалната декларација за човековите права: „Секој има право националните судови ефикасно да го заштитат од кршење на основните права кои му се признати со уставот и законите.“

Граѓан(к)ите кои сметаат дека со одлука на суд или друг државен орган му е нанесена неправда, може да ја нападне таа одлука, барајќи истата да биде повторно испитана од суд или надлежен државен орган од повисока инстанца.

Тоа практично се остварува преку поднесување на жалба, со која лицето кое смета дека му е повредено некое фундаментално право го изразува своето незадоволство од одлуката.

Жалбата е еден од најосновните и најважните начини преку кои граѓаните можат да ги заштитат своите права пред државата и мора да биде фактички и правно заснована и јасно да укажува на пропустот направен од првостепениот орган.

Тој процес ќе донесе резултат само ако биде разгледувано од непристрасен и независен државен орган, кој ќе работи според уставот и законите.

Во последниве години сведоци сме на една различна слика за независноста на судството во државава, и често судовите се подложни на корупција и притисок од различни групи или поединци.

Граѓан(к)ите да се информираат за нивните права и да дознаат што повеќе за начинот на кој може да се заштитат! Да се искористат можностите кои ги пружа законот.

Секој ден е ден на човековите права. Затоа, ЦИВИЛ – Центар за слобода иницираше Месец на активизам за човековите права во текот на декември, под слоганот „Слобода, правда, еднаквост“.

ЦИВИЛ во декември ќе организира и повеќе настани во кои ќе се говори за важни општествени и политички теми. Во понеделник, 10 декември започнува дводневниот мултимедијален хепенинг ЦИВИЛ ФЕСТ што ќе се одржи во Младински културен центар. Фестивалот се совпаѓа со Меѓународниот ден на човековите права и 70-годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права, како и со 19-годишнината од формирањето на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги поканува сите граѓанки и граѓани, поединците, групите, организациите и иницијативите во граѓанското општество да се придружат кон Месецот на активизам за човекови права испраќање порака за поддршка и информација, фотографија, видео или селфи за кршење на човековите права и слободи.

Share41TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ