• Latest

На чија сметка се прошетал Мицкоски џуниор во САД?

July 23, 2024

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

На чија сметка се прошетал Мицкоски џуниор во САД?

July 23, 2024 11:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на коруцијата (ДКСК) на 15 јули оформила предмет по допрен глас, за патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на Самитот на НАТО, и испратиле допис до Генералниот секретаријат на Владата со барање да им биде доставена целокупната документација.

„Доставивме барање согласно нашите надлежности до Генералниот секретаријат на Владата за да потврдиме дали сите трошоци поврзани со ова патување се платени од буџетот на државата и во која улога, односно функција е присутен членот на семејството, поточно синот, бидејќи една од нашите надлежности е да утврдиме судир на интереси“, рече Татјана Димитровска, претседателката на ДКСК, во интервју за ТВ 24.

Случајот со патувањето на синот на Христијан Мицкоски го обелодени поранешната министерка за одбрана, пратеничката Славјанка Петровска, од редовите на СДСМ која истакна дека премиерот Мицкоски свото прво владино патување го претвори во семејно.

„Прво владино патување, прв скандал! Асистентот на татко му, а сега премиер си го земал син му во делегација во САД! Ова младо дете на фотографијата не е најдобриот студент во Македонија. Не е ниту стипендист на државата. Не е учесник на некој конкурс или јавен повик за студенти, па како награда да биде дел од државната делегација предводена од премиерот Мицкоски. Се прашувате кој е? Синот на Христијан Мицкоски. Да, првото официјално владино патување го претвори во семејно патување. Не се чудете, Мицкоски напредуваше во кариерата како асистент на сопствениот татко“, објави Петровска на Фејсбук, (на 14 јули).

Од СДСМ бараат Владата да го објави списокот на сите членови на делегацијата кои патувале на државен трошок за, како што велат, да се потврди или отфрли оваа информација.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку писмена реакција посочија дека патувањето на синот на Мицкоски не ја чини државата ништо.

„Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација. Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Идентично соопштение како на ВМРО-ДПМНЕ издаде Министерството за надворешни работи и надворешна трговија отфрлајќи ги тврдењата на СДСМ кои побара од премиерот Мицкоски да ги објави приватните сметки за картата и трошоците за синот.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека, делегацијата на Самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО. Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски не беше еден од членовите на делегацијата, иако претседателот Мицкоски имаше покана за придружба од член на семејството. За патувањето на Јован Мицкоски не се потрошени средства од Буџетот на Република Северна Македонија“, се вели во реакцијата од Министерството.

Петровска вели дека Мицкоски неколку дена ги крие сметките за кои тврди дека ги платил од сопствени средства. И наместо ДПМНЕ да бидат транспарентни и да ги достават сметките, тие продолжуваат со лаги и клевети за поседување на наводна хациенда.

„Ако е така нека ги покаже сметките, зошто молчи три дена? Фатени во злоупотреби, решија вниманието да го свртат со една голема лага, за наводната моја хациенда и разни теории за можни продажби и слично. Веќе видено сценарио. Истите овие обвинувања беа изнесени на прес конференцијата на пратеникот и тогашен и сегашен на ДПМНЕ, Драган Ковачки, против кого поднесов тужба за клевета. И иако бегаше од рочиштата и се обидуваше на секаков можен начин да ги одолговлекува, сепак правдата го стигна и судот пресуди дека лажел и ја манипулирал јавноста со цел да наштети на мојот углед“, вели Петровска.

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека патувањето на син му заедно со него во САД за време на НАТО Самитот го платил од свој џеб. Тој во интервју на „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека ќе ги достави сите потребни документи до Антикорупциска комисија за ова патување.

„Навикнат сум 6 години да го напаѓаат моето семејство, сега решија и детето да ми го напаѓаат. Тоа дете не е падното од небо, тоа е мое дете. Јас таму бев поканет со придружба. Антикорупциска го истражува целиот случај и сите потребни документи ќе бидат доставени во текот на утрешниот ден и да почекаме да излезат во јавност да кажат. Ако има и еден милиметар отстапување јас сум подготвен да сносам одговорност. Но, ако не е така, тогаш да ми се извинат, ако не сум погрешил“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски кажа дека иако имало можност тоа да не се плати од сопствен џеб, сепак се одлучил патот за неговиот син да го плати од сопствени средства и сето тоа ќе биде документирано и доставено до надлежен орган кој ќе каже.

Синот на премиерот Христијан Мицкоски, 18-годишниот Јован Мицкоски, го придружуваше татка си на официјалното патување во САД за Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој се одбележаа 75 години од формирањето на Алијансата. Ова беше прво официјално патување на премиерот кој ја предводеше официјалната делагација со неколку министри и соработици.

Според фотографијата споделена на социјалните мрежи, снимена на терасата на Институтот за надворешна политика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ каде премиерот Мицкоски одржа предавање на почетокот на посетата на 8 јули, Јован е во друштво на татка си, на американскиот експерт Едвард Џозеф и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

ЦИВИЛ Медиа испрати прашање до Владата на Република Северна Македонија, кое гласи:

– Во кое својство и која беше улогата, односно функцијата на синот на премиерот Христијан Мицкоски кој беше со владината делегација во САД?, но до објавување на текстот, не добивме никаков одговор.

ДКСК, барањето до Генералниот секретаријат на Владата го доставила на 15 јули, а на 30 јули истекува рокот до кога до Комисијата треба да биде доставена целокупната документација за овој предмет. Согласно законската процедура, доколку не им биде доставена документацијата во тој случај ќе достават информација и до МВР, Финансовата полиција и Јавното обвинителство.

Дехран Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ