На денешен ден, на 1 јануари 2012 година, почина првиот претседател на самостојна и независна Република Македонија, Киро Глигоров, на 94 години во својот дом во Скопје. Тој одигра важна улога во процесот на политичкото осамостојување на земјата и за нејзиното меѓународно признавање.
По референдумот одржан на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава, Глигоров на 25 јануари 1991 година е избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија.
На 7 март му го довери мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада, а по донесувањето на Уставот, сите активности за меѓународното признавање на Македонија ги презема Глигоров.
На 3 октомври 1995 година, врз него беше извршен атентат во Скопје. По неколкумесечното лекување, на 10 јануари 1996 година Глигоров се врати на својата претседателска должност.
На 17 ноември 1999 година го завршува неговиот втор претседателски мандат на 82 годишна возраст.
Добитник е на бројни меѓународни награди и признанија – ценет и вреднуван за својата работа од целиот свет.