Јас навистина жалам ако се случува тоа да градоначалничката на Скопје Данела Арсовска добива закани по живот и ја охрабрувам веднаш да појде во МВР, а МВР да испита кој е заканувачот и веднаш да постапи по истите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги нејзините изјави дека добива закани зашто објавува за дивоградбите во Општина Чаир.
За објавите на Арсовска во пренос на живо на Фејсбук за дивоградби во Чаир, каде го обвини градоначалникот Висар Ганиу дека незаконски, со фалсификувани документи легализира згради, и истакна дека доказите го доставила до ЈО, на што Моцкоски предложи Јавното обвинителство, да го оставиме да сработи и се доколку им такви докази да се постапува по истите.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук остро му возврати на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека молчи пред, како што вели, „флагрантен криминал“ поврзан со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и пратеникот Изет Меџити.
„‘Лавот’ Мицкоски не смее да писне против Ганиу и Меџити. Не смее на криво да ги погледне, не пак да бара одговорност за криминал. Лав? Маче,“ пишува Арсовска.
Таа тврди дека досега презентирала документи и снимки за над 150 дивоградби, но институциите, вклучително и полицијата, не реагираат. Обвинува и дека при нејзино претставување до МВР, ѝ била прекинувана врската на бројот 192, и прашува што значат предупредувањата и заканите кои, како што вели, ги добива од највисоки политички структури:
„Што ќе видам? Ќе ги реализирате заканите или ќе фабрикувате лаги за да ме девалвирате?“
Д. Мишев
ПРОЧИТАЈТЕ И:
(РЕПРИЗА) ТЕЛЕНОВЕЛА Пресента: Данелита се враќа во прегратките на Мицкињо