• Latest

На патот до ЕУ само преку бриселскиот камшик 

January 17, 2020

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На патот до ЕУ само преку бриселскиот камшик 

Поради политичките несогласувања, Законот за обвинителството уште дреме блокиран во собраниските одаи, а е еден од клучните реформски проекти кој е и услов за почеток на преговорите со Унијата. За среќа, иако некои тоа го прикажуваат како протоколарен настан, сепак наменски ни долета Оливер Вархеји, новиот еврокомесар за соседство и проширување. Неговата порака е недвосмислена.

January 17, 2020 13:04
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Кризите, политичките кризи ни станаа континуитет и национален белег. Препознатливост, автентичност, државен имиџ. Во изминативе три децении главните промотори, ако се изземат меѓуетничките инциденти, без исклучок се двете доминантни политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Клучните партиски фактори и по три декади уште не најдоа за умно малку да се европеизираат. Да го напуштаат примитивизмот во меѓусебната комуникација барем кога темите се однесуваат на највиталните државни интереси.

Двата партиски субјекта, главните управувачи со Македонија, до денешен ден ништо трајно капитално не испланираа и не реализираа заедно. Ниту пат, пруга, школо, болница, здрави институции, независно судство. Ништо покрупно едногласно не сторија за државата и за граѓаните. Освен што произведуваат кавги со кои, како некаква забава за народ, ги компензираат сиромаштијата и стагнирањето на земјата. Практично ништо особено и вонредно добро што хронологијата би го забележала како нивен позначаен заеднички влог во нашиот сеопшт просперитет.

И додека двата доминантни македонски политички фактори, секој засебно, себично си ги бркаат сопствениот партиски интереси, другите земји од регионов со исто така идејно спротивставени политички гледања на нивните партии кои се менуваат на власт, забрзано бележат каков таков прогрес. А само пред една декада во регионов бевме речиси пред сите.

Еве и сега. Поради политичките несогласувања, Законот за обвинителството уште дреме блокиран во собраниските одаи, а е еден од клучните реформски проекти кој е и услов за почеток на преговорите со Унијата. За среќа, иако некои тоа го прикажуваат како протоколарен настан, сепак наменски ни долета Оливер Вархеји, новиот еврокомесар за соседство и проширување. Неговата порака е недвосмислена. Двете клучни партии да престанат да се однесуваат како два рогати јарци на греда преку поток и со заедничка грижа да проектираат регуларни избори и најбргу да се договорат за условниот интеграциски закон.

И среќа што човекот дојде во името на новата европска влада да им удри по една заушка и на власта и на опозицијата која сега, принудно пржински, е дел од власта. По ова, извесно е дека инаетот некаде ќе пукне и законот за обвинителство сепак ќе биде донесен пред распуштање на парламентот. Во спротивно, некој или некои и од двете партии дебело ќе биде виновен ако на пролет Брисел пак нѐ откачи.

Сега, останува само да чекаме да запрат инаетливите византиски однесувања на клучните политички играчи поради кои земјава досега неповратно изгуби ненадоместливо развојно време.

И да разберат дека само поради нив, нашиот пат до ЕУ е можен само преку бриселскиот камшик.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ