Изминуваат последните часови до полноќ, кога партиите и здруженијата на граѓани може да ги поднесат кандидатските листи до општинските изборни комисии, за претстојните шести по ред, локални избори, што ќе се одржат на 15 октомври.
По приемот на листите на кандидатите, општинските изборни комисии имаат рок од 48 часа, да оценат дали се поднесени во законски рок, согласно со одредбите од Изборниот законик.
Листите за избор на градоначалници и за членовите на општинските совети, општинските изборни комисии треба да ги објават најдоцна до 21 септември.
На 25 септември на полноќ ќе започне изборната кампања, а ќе заврши ден пред изборите, на 13 октомври. На 14 октомври е изборен молк, а од 7 до 19 часот на 15 октомври, на 3.480 избирачки места во државата, во 80 општини и во Градот Скопје ќе се спроведе изборниот процес на кој што граѓаните ќе гласаат за новата локална власт, со мандат од четири години.