• Latest

На повикот за распределба на 250 милиони евра одговориле 71 општина со 330 проекти

September 13, 2024

24 ЧАСА: Една изборна единица влезе во Собрание; Мицкоски тврди дека сме во топ 5 економии во Европа; Коридорите спречени од неефикасноста; Русија во шок по украинскиот напад

June 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

„Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

June 2, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците ќе ги добијат платите кога ќе се донесе Законот

June 2, 2025
Фото: Скриншот

Стармер: Британија преминува во воена подготвеност – зајакнување на НАТО и забрзан развој на воена технологија

June 2, 2025

ЕК за укрaинско-руските преговори во Истанбул: Украина одлучува за условите за мировните преговори

June 2, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Договорот помеѓу Албанија и Грција за Јонското море повторно на маса; Пензискиот договор со Италија ги гарантира правата на околу 500 илјади албански граѓани; Не успеа ниту 25-от обид з конституирање на косовското собрание

June 2, 2025
Фото: УНИЦЕФ

УНИЦЕФ: Децата и младите против врсничкото насилство и говорот на омраза на интернет

June 2, 2025
Фото: миа.мк

Нова рунда преговори Белград-Приштина во Брисел

June 2, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

Реформска агенда: „Жежок“ јуни за Македонија, ја чека многу работа за да ги добие парите од ЕУ

June 2, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Час поскоро преговори за членство во ЕУ, расчистување на криминалот, вработувања за невработени со факултет- и порачаа граѓаните на власта

June 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На повикот за распределба на 250 милиони евра одговориле 71 општина со 330 проекти

September 13, 2024 12:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 71 општина, со околу 330 предлог проекти аплицирале досега на јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за сите единици на локална самоуправа во висина од шест милијарди денари, средства обезбедени согласно ребалансот на Буџетот.

Како што информираше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, се чека на апликациите кои биле испратени по пошта, за да може во целост да се затвори јавниот повик.

– Морам да изразам огромно задоволство затоа што интересот беше навистина голем. Практично, мислам дека и нема да остане ниту една општина која што нема да аплицира за овие средства и ова само ни ја потврдува политиката на Владата дека навистина на локалните самоуправи им треба помош и интервенции од страна на централниот буџет за да им се постави основата т.е. оние проблеми што ги имаат со инфраструктурата во иднина да се коригираат, да се санираат и навистина да изградиме на еден начин модерни услови за живеење во рамки на целата територија на Република Македонија, рече министерот Пирински во изјава за медиуми пред настанот за нула цврст отпад во Општина Аеродром.

Информираше дека по затворањето на повикот, има десетдневен рок каде што локалните самоуправи треба да ги достават предлог-проектите во целост со пропратната документација како што се одобрение за градба до ресорните министерства и потоа почнува процесот на евалуација за кој ресорните министерства формираат евалуциски комисии.

Перински рече дека основната замисла на јавниот повик не е да се набавуваат основни средства, туку да се интервенира во инфраструктурата

– Поентата на овој јавен повик беше онаму каде што самите локални самоуправи немаат доволно средства да инвестираат во подобрување на водоводната, канализационата, патната инфраструктура, во делот на образованието тоа да го направат преку оваа можност која што им ја даваме преку централниот буџет. Тоа е главната и основна замисла на проектот, рече тој.

На прашањето дали имаат добиено некој проект од Град Скопје, министерот одговори дека за тоа треба да се види во процесот на евалуација.

– Процесот на евалуација се работи во рамките на ресорните министерства. Градот Скопје ние го гледаме како една од единките на локалните самоуправи, не го издвојуваме затоа што нема ни потреба. Така што, што ќе одлучат евалуциските комисии тоа ќе го дадат како предлог на усвојување до Владата и ќе видиме што ќе се усвои, рече тој.

Во однос на прашањето како го коментира извештајот кој покажува дека загадениот воздух е причина за смртност на бебиња, Перински одговори дека токму ова е еден од проектите со кој се трудат да ја подобрат сликата во делот на подобрување на капацитетите на почиста и поздрава животна средина.

– Свесни сме сите, и ние како Влада, и како градоначалници во делот на локалните самоуправи дека проблемот со загадениот воздух не е од вчера, туку  континуирано трае низ годините наназад и дека навистина треба по ова прашање да направиме некаков исчекор во периодот што ќе следи, нагласи тој.

За решавањето на проблемот со загаденоста во Скопје одговори дека е тема на која ќе се дискутира на следните седници на Влада.

– Би требало да се дискутира како една тема на следните седници на Влада, но ве молам имајте во предвид дека тоа не е во мој ресор. Јас не бегам од одговорност или од можност да придонесам доколку можам согласно моите законски ингеренции. Се надевам дека на една од следните седници на Влада ќе се отвори ова прашање и ќе се разговара во пресрет на зимата која што ни претстои, рече Перински, пренесе МИА. ovi

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

    Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Рамбл, инвестицијата на Крис Павловски во Македонија, дел од пропагандната мрежа на Кремљ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ