• Latest
Фото: УНИЦЕФ

УНИЦЕФ: Децата и младите против врсничкото насилство и говорот на омраза на интернет

June 2, 2025

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

УНИЦЕФ: Децата и младите против врсничкото насилство и говорот на омраза на интернет

June 2, 2025 13:31
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: УНИЦЕФ

Фото: УНИЦЕФ

Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изминатиот викенд, повеќе од 30 деца и млади од целата земја се собраа во Скопје на дводневен Медијатон – интензивен настан што го водеа самите млади за дизајнирање национална кампања против онлајн насилството  и говорот на омраза на интернет.

Овој настан го организираа УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија како дел од долгорочното партнерство за децата и младите да се здобијат со знаење, алатки, содржини и лидерски вештини за справување со дигиталното насилство во нивните заедници.

Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, им се обрати на учесниците:

„Вие – нашите млади застапници и креатори – сте срцето на ова движење. Вие го разбирате онлајн просторот подобро од кој било друг. Токму затоа не сте само учесници во оваа иницијатива, туку сте нејзини лидери.“

Таа додаде дека ставањето крај на онлајн насилството не е еднократен проект – тоа е растечко движење водено од деца и млади решени да ги направат дигиталните простори побезбедни, поинклузивни и похумани за сите.

Леа Липша, директорка на Фондацијата Телеком за Македонија ги охрабри учесниците креативно да ги користат дигиталните алатки и заедно да се спротивстават на омразата на интернет.

„Верувам дека на оваа работилница освен што ќе научите да направите добар reel, лого, или слоган, ќе научите и дека најважно е да се поддржувате, да создавате креативни и позитивни онлајн заедници. Вие сте генерација што има можност да направи вистинска разлика во дигиталниот свет. А ние сме тука да ви дадеме алатки и поттик“ – рече Леа Липша.

Во текот на Медијатонот, преку тимска работа, учесниците заедно со креативни професионалци, психолози и дигитални ментори истражуваа што значи да се преземат активности онлајн: како да се пријави насилство, како да се блокира омразата, како да се поддржат врсниците и како да го заштитат својот дигитален идентитет. Работилниците беа фокусирани на осмислување материјали за кампањата и јасни повици за акција, за да се промовира култура на почит во онлајн просторот и за да им се помогне на децата и младите да се здобијат со знаење како да се спротивстават на омразата.

Кампањата ќе започне во текот на следните недели со материјали подготвени за време на Медијатонот и ќе содржи видеа, водичи и содржина за социјалните мрежи. Децата и младите кои учествуваа на работилницата ќе продолжат да работат во следните две години како застапници во нивните заедници заедно со Сојузот на извидници на Македонија, кој ќе организира младински каравани и интерактивни настани  во 20 општини, инспирирајќи ги другите да се приклучат на движењето.

Иницијативата е дел од двегодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија чија цел е да се создаде движење преку кое децата и младите ќе се борат за интернет без врсничко насилство и говор на омраза.

Фото: УНИЦЕФ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ