• Latest

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Час поскоро преговори за членство во ЕУ, расчистување на криминалот, вработувања за невработени со факултет- и порачаа граѓаните на власта

June 2, 2025

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Час поскоро преговори за членство во ЕУ, расчистување на криминалот, вработувања за невработени со факултет- и порачаа граѓаните на власта

June 2, 2025 13:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Што им порачаа  на властите читателите на ЦивилМедиа во пораки на Граѓанскиот форум, во петокот ( 26 мај, 2025)?

Во продолжение ќе наведеме неколку од бројните пораки од граѓанките и граѓаните, а како што ќе прочитате, една од пораките се повторува на секој Граѓански форум, а таа е „Да си одат!“ ( мислат на власта, секако).

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?

Се повтори и пораката политичарите да го поништат законот за зголемување на нивните плати од 78 отсто, да се укине апанажата, да се намалат маржите во маркетите и да се замрзнат цените, и да се зголемат платите во приватниот сектор.

– Влез во ЕУ, таму ни спасот.

– Да почнат преговори во ЕУ и да исчезнат.

– Функционерите на власта на чело со Мицковски не се дораснати на функциите кои ги заземаат, тешко на народот со нив.

Според пораките, граѓаните сметаат дека со членство во ЕУ, ќе се подобрат работите во земјата, и бараат да се отпочнат преговорите час поскоро.

Расчистување на криминалот, ред и законитост за сите, за невработените со факултет да се започне акција за вработување, се дел од пораките.

– Влез во ЕУ, и да не се прават патриоти на наш грб. Еден ден нема да издржат да се на местото на обичниот граѓанин.

Незадоволството на граѓанките и граѓаните од политиките на власта е повеќе од очигледна, тие јасно и  без задршки ги артикулираат своите пораки до нив.

„Граѓански форум“ е простор во кој секој петок, како завршница на прашањата на денот,  граѓаните без задршки имаат можност преку коментари да испратат пораки, искуства но и критики до властите, институциите, политичарите, а според  досегашните одговори, тие тоа го прават на јасно артикулиран начин, со директни пораки и сугестии.

Редакцијата на ЦивилМедиа е отворена за граѓанките и граѓаните не само во петок, туку и секој ден од неделата, да споделат свои пораки, прашања, грижи  и искуства, било во коментари или во пораки, и им заблагодарува за довербата, отвореноста и директниот настап. Ве очекуваме секој ден, а во специјализиран простор – секој петок во Граѓанскиот форум.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

Д. Т.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ